Белег ко ветување – Анастасија Лефкоска

“Што па тебе може да те боли? Имаш седумнаесет години, животот ти е на почеток.”
Те прашуваат, а не знаат дека на некои им е судено да се родат со болка, да живеат во неа и да ја дишат. Се раѓаш. Имаш мајка, татко и технички сѐ останато што би ти требало за да преживееш ама боли, пак те боли затоа што во минатиот живот не си успеал да кажеш збогум некому, те боли зошто не си прегрнал, те боли зошто не си бакнал и фали, ужасно ти фали и затоа боли. Боли зошто три животи некој ти фали. На дофат ти е ама не можеш да го допреш. Боли проклето кога ќе се родиш со половична душа чија друга половина не можеш да ја присвоиш. ‘Барем… барем збогум да можев да кажам, барем кога бевме среќни во тој минат наш живот да можев да се поздравам и да ветам дека ќе те пронајдам. А, којзнае можеби и имам кажано збогум, можеби се имам и поздравено, можеби… само можеби затоа имам дупче на левиот образ, жив доказ за твојот поздрав, за твојот последен бакнеж, за твоето ветување дека еден ден во некој живот пак ќе бидеме среќни, а засега, засега имам седумнаесет години и немам желба никому да објаснувам зошто кога ќе се погледнам во огледало се смеам, а очите ми се тажни.'”Имаш седумнаесет години, што па тебе може да те боли?”‘ Боли душата, ама нека боли, нека се претвори во компас и од неа нека се раѓаат нови светови барем додека тоа што боли не зацели, барем додека скршената душа не се соедини со својата половина.’

Автор: Анастасија Лефкоска
Извадок од ” Дневникот на една будала”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.