„Антологијата на современиот балкански расказ“ издадена во Солун

Во издание на грчката издавачка куќа „Literatus” од Солун објавена е „Антологијата на балканското расказно творештво” („Ανθολογία της βαλκανικής διηγηματογραφίας”). Со изборот на раскази од сите современи балкански литератури, реализиран на 428 страници, книгата го опфаќа целиот период од XX и XXI век.

Потребата од создавањето оваа нова антологиска објава авторот и издавач Д-р Ставрос Г. Дајос ја објаснува со динамично променетата балканска реалност. „По големите историски промени од 1990-те години означени со расточувањата на структурите од источниот појас и со жестокиот распад на југословенската федерација, се појавија нови состојби, потреби, теми, автори и видувања, а беа поставени и нови критериуми за изразување и за задоволување на литературните поттици на современото  балканското етничко, државно и јазично расејување”, смета тој. Некои од тие нови појави, заклучува  антологичарот Дајос, ги пополнува овој опсежен прозен избор.

Неговата „Антологија на балканското расказно творештво”, опфаќа 68 писатели, 71 кратки раскази и 34 преведувачи, од дванаесетте балкански држави. Тоа се автори, смета антологичарот, кои добиле врвни литературни награди или кои добиваат книжевни потврди од литературната критика, како и од квалификуваните читатели. Меѓу застапените автори се и великаните на балканската литература: нобеловците Иво Андриќ и Орхан Памук, како и книжевни доајени како Мирослав Крлежа, Елин Пелин, Андонис Самаракис, Исмаил Кадаре и други истакнати писатели на поширокиот балкански книжевен регион.

Антологијата застапува избор на прози од осум современи македонски писатели, од неколку генерации: академиците Влада Урошевиќ (1934) со расказот „Тешка ноќ” и Ташко Георгиевки (1935-2012) со „Црвениот коњ”, потоа Томислав Османли (1956) со „Шапката на професорот Даштевски”, Оливера Ќорвезироска (1965) со „Бошко Буха” и Румена Бужаровска (1981) со „Мојот маж поет”, од авторите кои создаваат на македонски, како и нашите автори кои пишуваат на албански јазик: Ким Мехмети (1955) со расказот „Куќата на крајот од селото” , Шазим Мехмети (1958) со „Смртта на старецот” и  Шкелзен Халими (1961) со расказот „Берта”. Преводите од македонски јазик се на Костас Катсанос (преведувач на три раскази), како Васко Караџа, и Мариа Думба (по една проза), додека од албански преводите ги реализира С. Дагјос

Како што известуваат од книгоиздателството „Literatus”, антологијата на балканскиот расказ, дистрибуирана во сите големи книжарници на соседната земја, на широкото грчко читателство му станува достапна деновиве. 

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.