13 писатели кои правеле чудни ритуали пред или за време на творење

  1. Гетруд Стеин – Познатата писателка која и воедно е дел од LGBТQ+ заедницата, пишувала седната на совозачко седиште додека нејзината партнерка Алис Токлас возела околу градот каде што живееле.
  2. Ден Браун – Пред да го напише своето најпродавано дело ,,Кодот на Да Винчи”, користел ,,инверзивна терапија”. Истата терапија се состои од висење удолу со глава прикачен на одредена клупа посебно направена за тоа. Токму тој за ,,The Guardian” изјавил дека на тој начин висејќи удолу со главата доаѓаат најкреативните идеи.
  3. Агата Кристи – Таа пред пишување јадела по неколку јаболка. Но интересно е да се напомене дека инспирација за нејзината новела ,,Убиство во Ориент Експрес” нашла во зелените предели додека се возела со истоимениот воз низ јужна Србија одкога ја напуштила територијата на Македонија.
  4. Теодор Сус Гизел – попознат како Д-р. Сус, по неговото познато дело ,,Мачорот со Шапка”. Кога имал творечка блокада на глава ставал шапка по шапка од неговата колекција на шапки која броела повеќе стотини се додека не добиел инспирација за пишување.
  5. Чарлс Дикенс – пред пишување тој спиел свртен со лицето кон север. По обичај дури и додека пешачел во местото каде живеел со себе секој пат носел компас.
  6. Ентони Бурџис – Во текот на пишување на одредено дело тој користел речник со тоа што избирал по неколку зборови кои ги користел за инспирација при пишување.
  7. Вирџинија Волф – Таа пак пишувала станата, стоејќи додека пак хартијата на која пишувала била поставена на висока масичка.
  8. Маја Ангелу – Изнајмувала хотелска соба на еден месец кога ќе решела да напише нешто. Притоа од персоналот на хотелот барала да се тргнат сите слики и украси закачени во хотелската соба. Во собата останувале само креветот и работната маса.
  9. Владимир Набоков – Авторот на познатото дело ,,Лолита” користел тефтерче-потсетник на кое ги пишувал делата.
  10. Луис Керол – При пишување користел исклучиво само виолетово мастило.
  11. Харуки Мураками – Пред пишување трчал околу градот каде живеел.
  12. Труман Капоти – Додека творел, т.е пишувал некое дело тој преферирал да лежи на кревет.
  13. Виктор Иго – Додека работел на некое свое ново дело преферирал да биде гол. Токму и познатото негово дело ,,Ѕвонарот од Богородичната Црква” го пишувал сосема гол затворен во својот дом.
  • Додека познатите светски писатели имаат свои ритуали пред или за време на пишување, би го навел и својот ритуал пред и за време на пишување на своите поеми или раскази. Пред да почнам да пишувам, се изолирам сам во своето дувло седнат на фотелјата од кадифе и неколку минути пред да почнам затварам очи во потполна тишина не мислејќи на ништо. Додека потоа, со тивка кубанска музика или стар мисисипи блуз во присуство на чаша црвено вино или коњак почнувам да творам во полузатемнета просторија.
  • Притоа би сакале да ги прочитаме и вашите ритуали, сигурен сум дека секој има по некој интересен ритуал. 🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.