Време за злосторство – Морис Карем

Време за злосторство“ е една од најпознатите детски песни на белгискиот франкофонски поет Морис Карем (12 мај 1899 – 13 јануари 1978). Објавена е во стихозбирката „Под светлината на месечината“ во 1977 год.

Неговото дело е обемно, односно напишал многу збирки поезија меѓу кои ги издвојуваме:„Малечката Флора“ (1937 год.), „Магичниот фенер“ ( 1947 год.),  „Сејач на соништа“ (1953 год.),  „Големото синило“( 1961 год.). Сепак, негово ремек дело останува да биде стихозбирката „Мајка.“

Покрај поезија, пишува и проза и е автор на романите: „Мачеништвото на еден поддржувач“ ,Дупка во главата“ и „Медуа“.

Морис Карем, учител по професија, бил во постојан контакт со децата и неговата поезија останува да биде блиска со нивната едноставност и спонтаност. Се одликува со јасен и лесно разбирлив стил и затоа е омилен кај сите генерации читатели.

Песничката „Време за злосторство“ е детска хумористична песна која ве држи до неизвесност до самиот крај и каде поетот успешно игра со зборовите за да долови тензична атмосфера која има хумористичен крај и ве остава слатко да се насмеете.

Време за злосторство

Полноќ е. Сега е време за злосторство.

Излегувајќи од соседната соба

Еден човек се појавува во ноќта.

Ги соблекува чевлите

Се приближува до плакарот

Одејќи на врв од своите прсти

И грабнува нож

Со светкав челик, добро наострен.

Потоа, криејќи ги своите детективски очи

Со парче од својот мантил

Влегува во кујната.

И со еден удар, како џелат,

Уште пред жртвата да писне,

Го отвора срцето….на една артичока.

Превод од француски јазик: Маја Дојчинова Малиновска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.