Живот со маски – Менче Кадинец

Нѐ притисна  некое време непознато за нас. Дојде така ненајдено или така ни се чинеше.
Во душата ми тлееше некоја тага. Ми долетуваше некоја тешка мисла ми шеташе низ мислите, низ душата, низ телото. Време за крај, време за крај ми одѕвонуваше.
Седнав во автобусот, а до мене млада весела девојка полна со живот, со убаво работно место што ѝ даваше самодоверба. Автобусот го започна својот пат. Ги сакав патувањата. “Извинете подалеку патувате?” – ми се обрати младата девојка.
“Патувам до Битола”- одговорив. Убаво течеше разговорот, девојката беше со позитивни мисли, тоа ми се допадна. Едно време ја запрашав”Сакам да одам до Белград, а се плашам се нешто се зборува околу грипот”. Се насмевна мило.”Јас не би го пропуштила Белград, ама за ништо, мислам претеруваат малку со тие болести”. Дај Боже помислив во себе.
Имав колега кој секогаш ми велеше не дели се од умот.
Навистина се двоумев, но нешто длабоко во немирот на мојата душа ми велеше “Не, не оди”. Дојде и крајот на патувањето. Се разделивме секоја со своите мисли. Денес шетам по улици со маска, со нараквици, бегам од луѓе, дури се плашам и од воздухот, од она што го купувам. Денес е сѐ друго и повторно си верував себе си, почнав да не се  сакам поради таа интуиција.
Денеска се молам за сите да бидеме здрави и живи.
Постојано мислам на една моја пријателка која се лечи од таа корона.
Колку е тешко да се издржи во тие болници, уште потешко да бидеш гладен за воздух. Издржи мој народе, почитувај, сакајте се меѓу себе, животот е убав кога нема болести.
Ама ете дојде тој Живот со маски и не знаеме од каде ќе нѐ нападне.
Пусти улици, тивки вечери, броење на болни и оние кој заминуваат.
Живот, живот со маски, кој ќе го пребродиме, живот од кој ќе излезиме подобри, поскромни, помили меѓу себе.

Автор: Менче Кадинец

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.