На денешен ден починал францускиот писател Жорис-Карл Уисманс

Уисманс е роден на 5 февруари 1848 година, во домот на улицата „Сигер“ во шестиот арондисман во Париз.
Целото детство го поминал во таа куќа, а целиот работени век бил службеник во Министерсвото за внатрешни работи на Франција. Уисманс заболел од рак на вилицата и умрел во својот дом во Париз, на 12 мај 1907 година, а закопан е на гробиштата Монпарнас.

Како романописец и критичар на уметноста, Уисманс активно учествувал во уметничкиот и литерарен живот на Франција во последните петнаесетина година на 19 век, сè до својата смрт во 1907 година. На почетокот бил приврзаник на натурализмот, но подоцна раскрстил со таа школа за да ги истражува новите можности што ги нуди симболизмот и станал главен претставник на естетиката од крајот на векот. Во последните години од својот живот, тој се преобратил во католицизам и навлегол во традициите на мистичната литература. Со своето дело како критичар на уметноста, тој во Франција го промовирал импресионизмот како и симболизмот и пред публиката повторно ја открил примитивната уметност. По неговата смрт, на иницијатива на неговиот пријател и романсиер Лисјен Декав, било основано Друштвото Ж.-К. Уисманс.

Во 1876 година, Уисманс го објавил својот прв роман со јасна натуралистичка инспирација Марта, приказна за една девојка, во кој темата е животот и развратот на една млада парижанка во едно распуштено општество во кое треба да се проституира за да опстане. Плашејќи се од тогашната цензура во Франција, Уисманс го објавил романот во Брисел. Истата година се спријателил со Емил Зола кого го бранел во еден напис посветен на неговиот последен роман Кабаре. Toj напис останал во историјата на литературата како еден од првите манифести за натурализмот.

Неговиот втор роман, Сестрите Ватар кој, исто така, има натуралистичка нишка, се појавил во 1879 година, со посвета на Зола кого го признавал како свој учител во литературата. Оттогаш, Уисманс ѝ припаѓал на малата група млади писатели што Зола ги примал во својата вила во Медан. Тој се дружел со Ги де Мопасан, Леон Аник, Анри Сеар, и со нив во 1880 година, под водство на Зола, соработувал на објавувањето на колективната збирка на натуралистички новели Вечери во Медан во која тој го вметнал расказот Со ранецот на грбот, ироничен и антипатриотски расказ за своето искуство од Француско-пруската војна од 1870 година.

Повеќе за него на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.