Електронски конкурс: „Читам, пишувам и цртам во време на Корона“

Библиотеката „Центар за култура“ Кладово распишува електронски литературен и ликовен конкурс на тема: „Читам, пишувам и цртам во време на Корона“.

На конкурсот можат да учествуваат, без старосно ограничување, сите кои сакаат во новонастанатата ситуација да ги изострат своите литературни и ликови способности и да ги изнесат своите забележувања, стравови, надежи, мисли, сонови или да нѐ насмеат до солзи.

Никој не се надеваше на изменетите околоности на живеење и работење.
Читањето е тука за сите да нѐ забавува и да не одведе во некои нови, досега непознати светови и да ни го освежи и разбуди мечтаењето. Затоа, читајте и пишувајте или цртатјте и оставете трагови од ова време заедно со нас.

Услови на конкурсот:

  • Тема: „Читам, пишувам и цртам во време на Корона“
  • Нема возрасно ограничување на учесниците на конкурсот
  • Категории: литературни и ликовни дела
  • За литературниот дел од конкурсот можат да се испраќаат дела во жанр поезија и проза
  • За ликовниот дел од конкурсот се дозволени сите техники. Делото да се фотографира и да се испрати на подолу означената меил адреса
  • Бројот на дела е ограничен по учесници на две дела
  • Делата мора да бидат оригинални и направени самостојно, настанати од 16 Март 2020 година

Начин на пријавување:

  • Рокот за електронска достава на текстовите и фотографиите е 22 Мај 2020 година.
  • Делата да се испраќаат на електронската адреса: kulturakld@gmail.com во ПДФ или ЈПГ формат
  • Задолжително назначете ги следниве податоци: име и презиме, година на раѓање, место на живеење, наслов на делото.
  • Фонд на награди: Благодарница, јавно претставување и печатење на најдобрите дела во Зборник со дела на темата од конкурсот.
  • Сите пристинати дела ќе бидат изложени и во виртуелната галерија на социјлната мрежа: https://www.facebook.com/Biblioteka-Centar-za-kulturu-Kladovo-1518000575124664/
  • После завршување на конкурсот и вонредната состојба ќе се организира Вечер на учесниците од конкурсот „Читам, пишувам и цртам во време на Корона“ на кој ќе бидат претставени наградените автори, нивните дела и соодветен испечатен Зборник кој ќе го одбележи периодот во времето на Корона вирусот, пролет 2020 година.
    Конкурсот е отворен од 20 Април и ќе трае до 22 Мај 2020 година.
    Со голема нетрпеливост ги очекуваме вашите дела.
Со ваквото виртуелно дружење им се придружуваме на многубројни библиотеки, музеи и други културни установи кои смислиле онлајн активност со желба заедно да се поврземе со добри вибраци и колку што е можно побрзо да ја пребродиме светската состојба која ни се случи.
За дополнителни информации на располагање е електронската адреса: kulturakld@gmail.com

Стои во официјалната објава на организаторите од настанот: на следниов линк.

На овој линк организаторите ги објавуваат пристигнатите песни, приказни, цртежи и карикатури.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.