Купени новинари – продадени медиуми – Јована Јаневска

Време на окупација од информации. Време на купени медиуми и продадени новинари. Време на зголемување на влијанието, а намалување на правото и приватноста. Сетилата служат за да примаат дразби од околината, но умот не е складиште на содржините кои секојдневно ни се наметнуваат. Ако во минатото недостигале медиуми и пренос на информации, денес недостига драгоцена тишина. Ако промената почнува од младите, тогаш ѕидот на кој се потпираме одамна е напукнат. Ако прашувате од каде доаѓа младинската апатија, ќе ви кажеме дека не доаѓа, туку се создава во младите мозоци кои одамна личат на неисчистени подруми на свеста. Тие се полни со туѓи, закржлавени мислења, незадоволства, транзиции и системи со кои ни го сенчате секојдневието. Пораснавме со вестите за финансиски и мировни кризи, со ветувањата за некакви бескрајни патишта кон Европската унија, со предизборните пропаганди чии содржини одамна го кршат кодексот. Пораснавме со реклами за попусти, со синхронизирани серии кои траат колку просечен живот на мачка. Растевме под влијанието на музиката која одекнува од секој кварт на градот. Две и пол минути нецензуриран текст, долна облека, дрога и оружје достапни на дете, истото тоа кое на училиште го учите за последиците од наведеното.
Смартфоните се и прибежиште и закана истовремено, но важните информации ги добиваме на социјалните мрежи.
Сите едукативни настани, проекции на нови филмови, отворања нови простори во градот, одржување семинари и тренинзи, сите интереси на младиот дух се наоѓаат во една или две апликации.
Кога последен пат гледавме содржински и визуелно квалитетна емисија на телевизиските екрани?
Кога престанавме да читаме колумни и рубрики?
Кога престанавме да читаме нешто подолго од сметката за струја?
Видот толку свикна на сивилото што веќе не ни пречат скриените пораки на билбордите. Перфекцијата на голите женски тела наспроти развојот и вреднувањето на сопственото тело на едно просечно девојче.
Кога последен пат на кој било телевизиски канал слушнавме моќен говор кој мотивира, кој воздигнува, кој нѐ тера да размислиме за состојбата во која се наоѓаме, наспроти нашето робовско следење на наметнатите стандарди. Социјалниот живот ни е илузија содржана во еден или два профила.
Монотонија на духот во море од информации! Телевизијата одамна не им нуди ништо на младите.
Утрински програми и временски прогнози, а ние бараме извори на енергија. Бараме поттик, бараме место во медиумите за луѓето кои беа и останаа примери за човештвото, воопшто.
Младината бара енергија, младината бара активизам, младината бара уметност, музика, знаење, едукација, младината бара младост која нема да биде уште една алка во синџирот изгубени, килави генерации.
Вие велите актуелизирајте, ние велиме дајте ни простор.
Вие велите менувајте, создавајте, критикувајте, поддржувајте, ние велиме дајте ни глас, дајте ни шанса.

Forum Oratores и Национална стратегија на млади (2016 – 2025)
(Говор по повод деновите на медиумска писменост, ноември 2019)

(извадок од „Записи“, Македонска реч, 2020)

Автор: Јована Јаневска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.