На денешен ден е роден Иван Цанкар – најголемиот писател во словенечката литература

Иван Цанкар (Врхника, 10 мај 1876 – Љубљана, 11 декември 1918) бил словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист. Заедно со Отон Жупанчич, Драготин Кете и Јосип Мурн, тој се смета за почетник на модернизмот во словенечката книжевност.
Понекогаш тој се смета за најголем писател во словенечката литература и понекогаш се споредува во Словенија со Франц Кафка или Џејмс Џојс.

Во своите дела ја разоткривал неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се борел за правата на обичниот човек. Негови познати дела се „Слугата Јернеј и неговото право“, „Кралот на Бетајнова“ и „Под крстот“.

И до ден денешен, прозата на Цанкар се смета за една од најдобрите во словенечката книжевност. Неговото влијание како писател на романи се намалило во 1960-те, но неговите драми сè уште се меѓу најпознатите театарски претстави во Словенија.

Голем број улици, плоштади, згради и институции го носат името на Цанкар во Словенија, но и во останатите поранешни републики од СФРЈ. За време на Втората светска војна по него биле именувани една бригада и еден баталјон. По Цанкар е именуван и „Цанкаровиот дом“.

На следниот линк можете да ја најдете онлајн е-верзијата на „Слугата Јернеј и неговото право“.

Тој го рекол следново: „Сакав да напишам агитациска бpoшypa за изборите, а ја создадов мојата најдобра новела“.
– Иван Цанкар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.