Првата љубов – Снежана Паноска

Првата љубов е како првиот снег, ретко некогаш останува.
Кога започнува љубовта?
Дaли кога очите прв пат ќе се сретнат? Како пеперутка лесна што  покрај тебе ќе помине во игрив лет ?
Како сончев лач трепет во очи ќе затрепери, кога срце кон срце ќе поита. Забрзано, лесно, рака кон рака ќе се подаде, срцето ќе тргне треперливо разиграно, ќе заигра. Ќе затупоти крвта во младите вени, очите ќе се наполнат со убавина. И сè ќе биде лесно, убаво и миризливо. И водата ќе биде послатка, и песната слушана по милион пати, поубава .
И сé ќе почне да тече како река. Усните со бакнеж ќе тргнат кон уста мека, прегратка со прегратка ќе се множат, денови како бисери ќе се нижат. Чиниш ќе застане денот, нема да осамне, ниту ноќта  ќе зајде, и младата месечина посјајно ќе сјае.
И не знаеш нели …?  Дали тоа љубов е, или само младешки занес.  Дали ќе трае, засекогаш, или можеби ќе летне со првата ластовичка и ќе остави лузни што ќе стојат и ќе печат?
А кога љубовта ќе згасне, кога љубов била и не трае. Кога прв пат ќе се излаже.
Кога очите ќе почнат кон други очи да гледаат, ќе засолзат од убавина . Кога раката сама ќе тргне кон некоја друга рака. Кога срцето сака, умот се мачи, се колеба, штом солза ќе види во нечие око што заминало. Кога она што до вчера било твое, веќе заминало.
И како што почнало, така и ќе замине, мислата кон други раце ќе тргнат и нечија друга рака ќе фатат, ќе прегрнат нова снага. Тогаш пак ќе мислиш – е ова љубов е.  Ќе полеташ. Ќе расцветаш како нова роза во градина.
Па си велиш – љубовта е како првиот снег, ретко кога останува.
Но кога ќе остане, е тогаш трае, трае…. Па боли, мачнина ти остава, несоница те мачи. И ќе те болат песните недопеани, патеките неизодени, местата непосетени.
Кој ја немал , останува сиромашен со тие чувства и не може да ја најде вистинската.
Кој ја имал, тој си знае, ќе ја опева во песните, ќе ја раскажува во приказните.
Ех, љубов, љубов .

Снежана Паноска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.