Моќна, филозофски елегантна и морално комплексна книга: „Читачот“ од Бернхард Шлинк

За читачот Оливера Ќорвезироска пишува:

„Читачот спаѓа во оној тип комплексни романи кои отвораат толку прозорци колку што читателот може да поднесе свеж воздух. Психолошки во длабока, филозофски во генерална и незаборавен во буквална смисла, Читачот е роман кој не се предвидува, не се претпоставува, ниту пак, се прераскажува,.. роман кој со секоја наредна страница одново и одново ја предефинира наративната маршрута. Тргнувајќи од самиот наслов, ова е роман во кој во ниту еден читачки/читателски миг не се знае накај каде ќе тргне, а камоли каде (и како) ќе заврши „читањето“, дури и во жанровска смисла… Одлична лекција за книжевните вообразеници, скептици и неверници кои сметат дека книжевното писмо не може да изненади.“

Несомнено дека во потполност се согласувам со овој краток извадок од рецензијата. „Читачот“ е книга којашто обработува повеќе тематики во својата содржина, се занимава со прашања од филозофски, морален, и правен карактер. Се отсликува семејното функционирање на главниот протагонист и како тој се соочува со работите што му се појавуваат во неговиот живот. А, тој несомнено му се сменува еден ден веднаш после неочекуваниот и немил настан, т.е во моментот кога повраќа поради мачнини во желудникот. Ова имплицира на фактот дека сечиј живот може да се промени за миг, без оглед дали ние го сакаме тоа. Возраста на главниот јунак и неговата релација со повозрасна жена, веќе во своите зрели години, е едно морално прашање со кое секој читател би се соочил додека ги голта страниците. Со мислата: „што ли ќе се случи следно?“. Со неочекувани пресврти и навидум предвидливо дејствие – ништо не е како што изгледа. Дали љубовта има граници, и дали таа навистина постои во односот на ? Односно, поправилно е да се праша: „Дали станува збор за љубов во односот на Михаил со Хана или е во прашање нешто друго?“. Уште многу прашања се појавуваат во главата на читателот додека ги листа страниците, но сите нема да бидат одговорени. Како што се плете приказната, од почеток неизвесна па до самиот крај, на некои од прашањата веќе ќе се наѕираат одговорите, кои на последните страници веќе и сами ги одговараме. Михаил ѝ чита на Хана книги кои ги обработуваат на училиште, а таа неуморно го слуша и го тера да ѝ чита. Тој пак, после првиот поблизок контакт со неа, ќе ги напише овие стихови, предизвикан од случувањата:

„Кога ќе си се отвориме
јас на тебе и ти на мене
кога ќе потонеме
јас во тебе и ти во мене
кога ќе преминеме
ти во мене јас во тебе.

Тогаш
јас сум јас
и ти си ти.“

Од овие кратки стихови може да се заклучи дека тој сепак имал силни чувства кон Хана.

После „пресвртот“ поминува некое време, патиштата им се разделуваат за потоа случајно да им се сретнат, но на малку поинаков начин. Не е романтична љубовна приказна со среќен крај, туку се изнесени факти за еврејските страдања и случувањата во Аушвиц со кои Хана е директно поврзана. Како ќе заврши нејзиниот живот? И кога Михаел ќе се осмели да расчисти со своите чувства и мисли, дознајте во романот.

Ова е топла препорака за сите што сакаат да прочитаат нешто квалитетно соочувајќи се со многу мисли што се јавуваат при читањето. Постои и филмска екранизација – „The reader“. Кратко четиво од 178 страни, но емоционално и содржински моќно.

3.5/5

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.