Аманет – Снежана Паноска

Те гледам, пораснат, голем. Со свои деца покрај тебе. Среќен. Да, среќен си, гледам.
А, како вчера да беше. Детенце мило, малечко, кое кога ќе станеше сакаше да се  гушка.
И дури не се изгушкаше, не ти беше убав денот. И те нишав на нозе, така најлесно заспиваше. Така и твоите деца ги заспивав. Ех…каде заминаа тие денови…Заминаа…. Се изронија како искафтена царевка… Да…

Не  ги заборавив непроспиените ноќи, кога пламтеше оган на твоето лице….Првата љубовна болка….Немирниот дух….. немирната крв… инаетот….желбата да се порасне што побрзо…. Да вкусиш  некои нови светови….Да  изодиш некои трнливи патишта.

А јас, јас секогаш останував да те дочекувам и испраќам, боледувајќи го секое твое одење и враќање. Сега…ти ги растеш твоите деца … Јас стареам….Дај боже да старем…Велат, тешко на тој што не остарел, не дочекал да види многу радости…. Ама…. Ех, тоа ама…. Можеби јас стареам, па многу лесно ме повредува секоја шега, навреда ( за тебе тоа не се навреди), ти само се шегуваш. А јас….јас останувам навредена….бидејќи не можам да разликувам шега од навреда. Ти така велиш…Ама ако…И посакувам…ако не дочекам…, твоите деца кога ќе пораснат , кога нивните зборови на твоите ќе заличат, да ти кажат….: “Паметиш ли татко, како ѝ велеше на баба“ ???? Ми велиш, немој…немој…, твоите зборови се како клетва!!!!
Не колнам, само посакувам, да ги пораснеш, да остариш, да дочекаш мои години, да ги дочекаш нивните зборови, како јас твоите….Па да ме споменеш…Да воздивнеш…И да ги побараш моите зборови…Па во себе да се помолиш , да побараш прошка, таму некаде меѓу ѕвездите да погледнеш, па да издивнеш ( како што и јас издивнувам) “Еееехххх…мајко…“
Ете тогаш, овој аманет ќе го споменеш, нема да речеш клетва е, туку аманет е, аманет , сине…

Снежана Паноска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.