Некој друг живот – Менче Кадинец

Дојде некој друг живот, така нечујно, тихо, можеби подмолно. Некои чудни мисли, патишта, некој неспокој, непознати лица. Ги коваш размислувањата во некој хаотичен свет, чекориш безшумно, го потиснуваш детскиот џагор, смеата ја потиснуваш, а истовремено се радуваш на ретката љубезност, некој потиснат насмев изнудуваш да видиш.
Острите погледи те бодат, ти се превртува душата ничкум, партали се прави па не можеш да ја прибереш. И се радуваш на сонцето, небото сино проткаено со облачина, се радуваш што сакаш милост да внесеш во себе, или племенитост. Седнуваш во автобусот, се двоумиш каде да одиш и седнуваш со грбот кон него, кон просторот, мислејќи што си оставил зад себе.
Ама убаво е и вака, прегледност на минатото, поглед во иднината, дрвјата те разминуваат ожеднети со сувите лисја, и птиците бараат сенка зашеметени од топлината.
Ама сенка, салам сенка од напорот безизлезен. Се предаваш на времето, мислеш не ги гледаш тапите погледи околу тебе. Ако, кој те познава или препознава.
А навистина дојде некој друг живот, така нечујно, тихо.

Менче Кадинец

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.