На денешен ден Ернсет Хемингвеј ја добил Пулицеровата награда

Ернест Хемингвеј е роден во Оук Парк, Илиноис како второ од шесте деца на Кларенс Едмондс (Доктор Ед) и Грејс Хол Хемингвеј.
Во 1925 година – пресвртна во неговиот живот, ја објавува книгата “Во наше време”.
Ова дело е од големо значење за Хемингвеј бидејќи тој гледа дека неговиот минималистички стил на пишување може да биде прифатен во литературните кругови.
Во истата година веднаш по објавувањето на „Големиот Гетсби” тој го запознава Ф. Скот Фицџералд во Динго Бар. Тие веднаш стануваат многу блиски пријатели, заедно пијат и зборуваат. Често пати менуваат ракописи, а Фицџералд навистина му помага на Хемингвеј да ја унапреди неговата кериера при објавувањето на неговата прва колекција раскази, подоцна оваа врска се оладила и станала многу компетитивна.
Жената на Фицџералд, Зелда го мразела Хемингвеј уште од самиот почеток, таа била убедена дека зад неговата мачо-фасада се крие хомосексуалец и го обвинувала нејзиниот маж дека има љубовна врска со него.
И покрај проценката на Зелда Фицџералд дека тие имаат различна врска со нејзиниот маж, сепак Хемингвеј никогаш не стапил во хомосексуална врска, напротив тој бил познат по неговата хомофобичност, како и отворените напади врз геј-комуната во тој период, сето тоа според некои аналитичари се должи на неговата латентна хомосексуалност.

Неговиот прв роман „И сонцето изгрева” го завршил за 6 недели во омилениот ресторан на Монпарнас „La Closerie des Lilas“. Романот е полуавтобиографски и Хемингвеј бил обвинет за користење застарена форма на литературно изразување.

Хемингвеј е еден од писателите познати како припадници на „изгубената генерација“. Покрај со романите, тој се прославил и со кратките раскази за кои придонесол да се зацврстат како полноважен жанр. Во нив применува економичност во изразот – со малку средства да раскаже сугестивна и емотивно обоена приказна. Централна опсесија во неговите раскази и романи се машкоста и смртта, често поврзани со коридата која ја обожавал. Во 1953 година, на 4-ти Мај Хемингвеј ја добил Пулицеровата награда, а една година подоцна и Нобеловата награда за литература.

Пулицерова награда — американска награда која се смета за највисоко признание во областа на новинарство во печатените медиуми, литературни достигања и музичка композиција. Пулицеровата награда ја воспоставил Џозеф Пулицер (англ. Joseph Pulitzer) – унгарско-американски новинар и издавач кој оставил парично наследство на Универзитетот Колумбија по смртта во 1911.
Дел од средствата биле искористени за да се основа универзитетско училиште за новинарство во 1912.
Првите Пулицерови награди биле доделени на 4 јуни 1917., а во наше време се доделуваат во април секоја година. Добитниците ги избира независен одбор.

Споделуваме неколку цитати од Хемингвеј во негова чест:

  • „Сите добри книги имаат една заедничка работа: пореални се дури и од тоа ако навистина се случиле во реалноста.“
  • „Никогаш немој да мислиш дека војната, колку и да ни е потребна, колку и да е оправдана, не е злочин.“
  • „Единствената работа која може да го расипе денот се луѓето. Луѓето отсекогаш биле ограничени во среќата, освен оној мал број од нив кои се добри како и самата пролет.“
  • „Човекот не е создаден за пораз. Човекот може да биде уништен, но не и поразен.“
  • „Храброста е грациозност под притисок.“
  • „На човекот му требаат околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години за да научи да слуша.“
  • „Светот ги крши сите, но во крајна линија излегува дека некои се појаки на скршените места.“
  • „Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сѐ што правиш е тоа што седиш на машината за пишување и крвавиш.“
  • „Мојата цел е да ставам на хартија сѐ што гледам или доживувам, на најдобар и наједноставен начин.“
  • „Мачката има целосна емоционална искреност. Луѓето, од една или друга причина, можат да ги сокријат своите чувства, но мачката не може.“
  • „Кога луѓето зборуваат, слушај во целост. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.“
  • „Животот на секој човек ќе заврши исто. Постојат само детали за тоа како живеел и како умрел кои го разликуваат од другите.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.