Чудно време – Снежана Паноска

Дошло некое чудно време, или можеби  до нас ќе е?

Седиме, не се гледаме, не разговараме, молчиме.

Секој во своите разговори задлабочен

Не се допираме. Не се радуваме.

Во туѓи животи разгледуваме.

И само различни политики бистриме,

кој поголем патриот бил. Или ќе биде.

А децата ни заминуваат. Сите кукаат дека се нема.

И оние кои работат.

И оние кои остануваат, и чекаат

мама или тато да им дадат колку за кафе,

чаламејќи се по кафани и познати ресторани.

А се чудиме дошло некое чудно време.

 Сите со телефони и таблети.

Од немај каде или досадно им е.

Само наведнати глави гледаш.

И на младо и на старо само носовите им ѕиркаат под челото.

Нема насмевки ниту песни, само некој турбо фолк се слуша.

А велат Бадник и Божиќ идел и Василица и Водици ги следат ,

Па и Велигден кај да е ќе дојде.

Ама што ли некое чудно време ни се случува.

Кога не можеш како некогаш без најава кај комшиите да појдеш.

Онака, само на кафе и на лаф муабет, само со насмевка ќе те пречекаат.

И нема да приготвуваат како за слава, или роденден,

или за не дај боже.

Па и кај мајка не можеш да појдеш, без да се најавиш.

Оти и бабите на интернет киснат,

и заборавија пита, а камо ли кора да исучат.

И не чудете се што се одродивме,

што не другаруваме и не се посетуваме.

Не се радуваме на малите нешта ,

оти очекуваме многу поголеми да ни се случат.

А тие некако нè заобиколуваат.

Како да сме болни од шуга

И не ќе е до времето чинам. До нас ќе да е, нели ?????

Снежана Паноска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.