Што гледам – Јован Јовановиќ – Змај

Јован Јовановиќ-Змај, роден во Нови Сад на 24 ноември 1833 – починал во Сремска Каменица, 3 јуни 1904. Тој бил српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, тој се смета за родоначалник на српската поезија.

Змај дебитирал со песната „Пролетно јутро“, и тоа како ученик во Пожун, во 1852 година. Песната била потпишана со псевдонимот „Осман“. Како поет, Змај се појавил во време кога српската поезија минувала низ тешка криза, и таканаречената „објективна лирика“ веќе била минато.

Ј.Ј. Змај зачекорил во српската книжевност во педесеттите години на 19 век: почнувајќи од 1852 година, тој започнал интензивно да ги објавува своите песни во списанијата „Летопис“, „Седмица“, „Фрушкогорка“ и „Невен“, најпрвин потпишувајќи се со псевдонимот Осијан.

Корица на „Песни“ (преземена од Викиепдија)

„Што гледам“ е извадок од книгата насловена „Песни“ (1984)

Прочитајте ја во продолжение:

Мали деца, мало кајче, мало море;
мало едро и катарка мала горе.

Малку ветар, бран малечок, пристан мал,
мало весело, мала мака, мала рака.

Сè е мало, та изгледа како шега.
Штом е така – и песничка мала сега.

Јован Јовановиќ – Змај

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.