И не беше тоа пустина – Менче Кадинец

Велеа стана слугинка во една пустина. Но, таа не мислеше така. Крстот ја болеше и тежеше времето, зборовите. Ја сонуваше старата перница. Гласовите бучни ѝ го растреперуваа срцето. Го бараше мирот, спокојот. Се сети на зборовите од нејзиниот другар: “Ама, на крај краева имаш свој живот. Продолжи го својот живот.” Ги сакаше искушенијата, сакаше невремето да го внеси во својот живот, да се врати во минатото. Да се сети на топлото месено лепче, на бунарската свежа вода, на масата поставена под кајсијата. Го погледна онака дури болежливо, изусти: “Не, не, јас ќе го сменам начинот на живеење”.
Нешто ја стискаше во овој живот. Ѝ сметаше метежот, бучавата на колите, прашината.
Не ги сакаше возовите, автобусите. На вечер не го пушташе телевизорот, ја гаснеше струјата. И не беше тоа пустина, тоа беше мир. Стануваше рано на утро дишејќи свеж воздух во тоа мало планинско место. Ѝ довикуваше на соседката: “Ајде, дојдете, ќе сварам чајче, ајде да се напиеме”. Чајот од нане веќе ставен, понекоја бисквита, и лути шеќерчина. Не, не беше толку тешко да опстанеш во таа околина. Градината разиграна со разнолики плодови, а овошките надвиснале. И не, не беше тоа пустина, тоа беше мир.
Сонот ѝ се врати, мислата ѝ заздрави, и покрај физичката работа крстот повеќе не ја болеше. На вечер се дружеше со соседите, под светлоста на месечината: “Повелете, дојдете, го направив мојот специјалитет, ајде да го пробаме”.
Насмеаните соседи со радост ја прифатија: “Тука сме,тука сме”. Смеата се разлеваше, приказните се редеа. И не беше тоа пустина, тоа беше мир, мир во душата.
Ги заборави болките на телото, болките на душата, ги заборави таблетите. И не беше тоа пустина, тоа беше мир.

Add New Post

Preview(opens in a new tab)Add titleИ не беше тоа пустина – Менче Кадинец

Менче Кадинец

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.