Tоа беше топло време – Менче Кадинец

Беше топло време. Време со душа, добрина, топлина. Тоа беше една зима која ја паметам. Шпоретот на дрва нè топлеше, тенџерето над него со миризливата манџа крчкаше.
Од чајарникот со топол чај се ширеше мирисот од нане. Во топлата собичка ја пишував домашната задача. Мајка ми со комшивката си разговараше.
Требаше да одат на некоја средба. Сакаа да бидат убаво дотерани. Тетка Марија ѝ помагаше на мојата мајка. “Прв пат дојдов до свилени чорапи, толку штедев, сега што, како можев да ги скинам, а сакав да ги пробам, како ќе изгледам”. “Не се секирај” ѝ рече тетка Марија.
“Ќе го фатиме котелецот со иглава, гледаш специјална е за вакви чорапи и ќе бидат како нови, ништо нема да се познава”. Ја пишував домашната и скришум така ги погледнував. Жал ми беше за мојата мајка ама сè си велев ќе успеат. Наведнати, еден по еден котелец полека го зафаќаа чорапот. Долго време беше тоа, а часот за излегување се приближуваше. “Ох, Боже мислам успеав, види Марија. А, да имав доволно пари одма ќе си купев нови.” Колку радост имаше во очите на мојата мајка, мојата вредна мајка.
Заслужуваше таа моја убава мајка да носи такви најлонски чорапи. Собата беше топла, јадењето крчкаше, домашната ја напишав. Ги сакав тие времина! Убави топли времина.

Менче Кадинец

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.