Дали карантинот го загрозува менталното здравје и кои се чекорите за негово подобрување?

Нарушувањето на менталното здравје се манифестира како промена на мислењето, чувствувањето и вниманието.

Изолираноста, карантинот и стравот од вирусот можат кај одредени индивидуи да предизвикаат анксиозност, панични напади и депресивно расположение.

Ризикот за појава на ваквите состојби е зголемен во текот на пандемијата, а еве кои знаци укажуваат на нив:

Анксиозност

Вообичаените физички симптоми се вознемиреност вклучувајќи засилено отчукување на срцето, недостаток на воздух или непријатно чувство во стомакот. Луѓето можат да помислат дека не можат да се справат со оваа ситуација и се чувствуваат уште поисплашено, вознемирено или под стрес. Знаците на однесување можат да вклучуваат: избегнување луѓе, повлекување или зголемена вознемиреност и агресивност. Дури и ако нема ментално заболување, многумина ќе ги доживеат некои од овие симптоми во текот на пандемијата.

Депресија

Вообичаените физички промени за депресија можат да бидат промена на спиењето, апетитот или енергијата. Емотивните ефекти можат да вклучуваат промени во расположението, мотивацијата или рутината. Луѓето можат да имаат потешкотии со концентрацијата или доживувањето на негативни или песимистични мисли, како што се „ништо нема да испадне добро“.

Знаците на однесување можат да вклучуваат повлекување во себе, постојано непријатно расположение, послаби резултати на многу животни полиња.Исто така, многу луѓе кои немаат клиничка депресија ќе доживеат некои од овие симптоми на депресивно расположение во текот на пандемијата. Ќе бидат под стрес, ќе се чувствуваат загрижено, исплашено или ќе бидат преплашени од негативни мисли.

Тие мисли и чувства можат да бидат тешки за контролирање, но се краткотрајни во оваа ситуација на очекување кај некои луѓе. Но, ако симптомите непрекинато траат подолго од неколку недели важно е да се побара стручна помош.

Кои чекори можете да ги преземете за подобрување на вашето ментално здравје?

Треба да се обрне внимание на следниве 6 чекори за во текот на пандемијата од корона вирусот да се заштити менталното здравје:

1. Квалитетен сон

Недостатокот на сон или неквалитетен сон може да допринесе за лошо ментално здравје. Од голема корист е придржување до вообичаените навики на спиење, дури и кога секојдневното живеење е нарушено. Целата е секојдневно да имате минимум од 7 до 9 часа сон.

2. Исхрана

Храната која ја јадеме може да има директно влијание на менталното здравје. Обидете се да имате урамнотежена исхрана богата со зеленчук и хранливи состојки. Избегнувајте преработена храна и онаа која е богата со заситени масти и рафинирани јаглени хидрати.

3. Социјална поврзаност

Поврзаноста со другите е важна за менталното здравје и физичката благосостојба и може да нè заштити од анксиозност и депресија. Покрај физичките бариери, важно е да се пронајдат алтернативни начини за одржување врски со фамилијата, пријателите, и заедницата во текот на овие предизвикувачки времиња. Социјалните медиуми и видео повиците се одлично решение.

4.  Вежбање

Физичката активност ја намалува анксиозноста, стресот и депресијата, а и претставува дел од планот за лекување на индивидуите со ментални тегоби. Редовното вежбање исто така ја подобрува работата на имуниот систем и ги смалува воспаленијата во организмот. Обидете се физичката активност да ја направите пријатна и корисна, вметнете ја во секојдневните рутини додека сте дома. Закажување на физичките активности на крајот од вашиот „работен ден“ може да ви помогне да ја издвоите работата од вашиот личен живот токму кога работите од вашиот дом

5. Контрола на стресот

Важно е да бидете во состојба да препознаете кога сте под с трес. На пример, можете да имате паничен напад, брзо срцебиење или „пеперутки“ во стомакот. Потоа пронајдете начини да го смалите стресот.

Вежбањето на менталното здравје, на пример со помош на медитација, може да го намали стресот и да го подобри здравјето. Постојат голем број вежби за дишење кои исто така можат да помогнат за контрола на стресот. Поминување време на отворено исто така помага за намалување на стресот. Затоа размислете за тоа да поминете одредено време во двор, на балкон или ако е возможно малку прошетајте сами во природа. Разговарањето за вашите искуства и недоумици со доверлива особа, исто така може да го заштити вашето ментално здравје.

6. Избегнувајте консумирање алкохол

Алкохолот може само да ги влоши непријатните симптоми. Напомена: Доколку имате одредени ментални тешкотии, важно е да се обратите на стручно лица за помош. Никогаш не земајте лекови по сопствена волја и без претходна консултација со лекар бидејќи така само можете да ги влошите симптомите.

Прочитајте од кои негативни мисли треба да се ослбодите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.