Едгар Алан По – Анабел Ли

За добро да го разбереме Едгар Алан По треба да го спознаеме и неговиот личен трагичен живот. Една од трагичните епизоди во неговиот живот е прикажана во песната „Анабел Ли“ која секако се смета за една од неговите најпознати и најпрепознатливи песни.

Тој ја напишал „Анабел Ли“ во мај 1849 година, неколку месеци пред неговата смрт, и за прв пат се појави во постхумно во ноември 1849 година во едно литературно списание. Иако песната може да се однесува на голем број жени во животот на По, повеќето критичари мислат  дека е напишана во спомен на Вирџинија Клем, сопругата на По, која се ожени со него на тринаесетгодишна возраст и која почина во 1847 година пред да наполни дваесет и пет години. Едгар Алан По напишал романтична песна за една убава жена, која умира ненадејно во цутот на младоста. Како што е наведено подетално во неговиот расказ „Овалниот портрет“, Едгар Алан По честопати смртта ја поврзува со смрзнување и заробување на убавината, а многу негови хероини се најубави на нивната смртна постела.

И двајцата (нараторот и Анабел Ли) се многу млади што соодветствува со романтичарските идеали за убавина од тоа време. Многу романтичари од осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век, зрелоста ја сметале за корупција на најчистите инстинкти во детството, и ја претпочитале природата, а не општеството затоа што сметале дека е таа добра и инстинктивна состојба. Следствено на тоа, По ја третира детската лубов на нараторот кон Анабел Ли како вистинска љубов и трајна љубов за разлика од љубовта на возрасните која не е трајна.

Песната е многу музикална, има многу повторување на зборови и смирен ритам покрај тоа што има неправилна структура. Уживајте!

Анабел Ли

Беше пред лета ред, беше одамна, знам,
в кралство кај морски крај в молк се свил,
таму цутеше цут, толку допадлив нам,
што го викавме Анабел Ли:
една сал мисла скри, мисла – потаен плам,
дека љубовта в нас гнездо сви!

Јас бев млад, беше млада и таа,
в кралство кај морски крај в молк се свил,
љубов разгоре в нас, љубов која ја знаат
само јас, само Анабел Ли,
љубов силна по која што чмаат
и на небото рој ангели.

Па се случи, пред повеќе лета,
в кралство кај морски крај в молк се свил,
да разулави виорен ветар,
да ја убие Анабел Ли!
Како втрештени луѓето беа,
ковчег мртвенски млада ја скри,
потем в гроб ја положија неа,
в кралство кај морски крај в молд се свил.

Колку безочна зависта е
и на самите ангели!
Ех, тоа причина е, и се знае
низ крајморските предели,
та развиори виор, ах, проклет да е,
убивајќи ја Анабел Ли!

Беше љубовта наша, каква
не ќе може друг да измисли!
Нема нигде по светот таква,
та, ни небесни ангели,
ни подводните демони зли
да нè разделат не можат и да сакаат
од прекрасната Анабел Ли!

Поглеј, месечев лач плете венец, од плач
по прекрасната Анабел Ли;
а ѕвезденион рој, чиниш поглед е тој
на прекрасната Анабел Ли!
Така ноќ мине, знам. В јад без моќ лежам сам,
тежок бол срце свил, живот мој, образ мил,
двајца ли ковчег сви, двајца ли в грб нè сви
пуста смрт во пределите зли!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.