Некоја иста, но различна пролет – Менче Кадинец

Го сакаше месецот април Цвете. Најубавиот месец, месец кога беше родена април.
Ама тој април кога имаше снег, кога нејзиниот плач го разбуди светот. Растеше опкружена со љубов, прегратки, во некоја бајка ,да животот ѝ беше бајка.
Корените на животот ѝ беа добри. Тој свет околу нејзе беше мил, милостив.
Се сеќаваше на гушките од својот татко, на јаготките први купени, колку беа слатки. Лебчето намачкано со сало и црвена пипер и лебчето со какао и шеќер нејзините слатки посластици, игрите со децата со јаже, скокалина, мижитатара. Сиромашен, но богат свет. Сакаше Цвете да учи, плачеше за ташна училишна, за книгите, тетратките.
Не поднесуваше некој да ѝ кажува, да ѝ помага. И почна учењето.
Петките се редеа. Времињата минеа…Многупати во пролет седеше дома над книгата, таа заљубена во книгата. Понекоја птица ќе застанеше на прозорецот и ја потсетуваше на пролетта. Свежиот, но топол воздух ја исполнуваше со радост.
“Уште оваа страница и ќе излезам да го видам мојот Горан”! Фатени за рака шеткаа под липите. “Колку убаво време Горан”, а тој нежно ја прегрна. Низ времето станаа вредни луѓе, стручнаци кој со љубов се сеќаваа низ се што поминале!
И денес убаво време! Време кога треба да се докажиме, да издржиме, време кога сме исти сите. Време кога треба да ги видиме домовите, децата, завесите, цвеќината.
Да сите сме исти, но различни во оваа пролет. Различно ги доживуваме нештата. Пролет која ќе ја осетиме во дворовите, во отворените прозорци, во расцутените дрвја, во мирисот на покосените треви.
Време кога изгубените вредности ќе ја добијат својата права вредност, време кога сфаќаме како да го штитиме здравјето не лутајќи низ времето.
Заборавивме на многу  пријателства, насмевки. Време кога ќе научиме да ја штитиме нашата планета, време кога се сеќаваме на лебчето со какао наместо со еурокрем.
Животот нема цена. Пролетта е секогаш убава да ја почитуваме!

Менче Кадинец

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.