Брем Стокер – Дракула

Поминаа сто и осум години од смртта на ирскиот писател Брем Стокер (8 ноември 1847 – 20 април 1912) кој ќе остане запаметен по еден од најдобрите хорор романи некогаш напишани Дракула.

После толку многу екранизации на овој роман сигурна сум дека сите помислуваат на него и  кога ќе се спомене жанрот хорор во книжевноста веднаш помислувате  – Дракула. Можеби со  големиот број на екранизации романот доживеа светска слава и секако влијае врз сите нас за нашата замисла за тоа како изгледа еден вампир.

Се разбира, пред да го напише романот Стокер истражувал многу европски легенди, преданија, суеверија кои претежно постоеле кај јужните Словени и се однесувале на вампирите. Имало многу преданија и се верува дека Стокер исто така се инспирирал и од Влад Трети, Принцот од Валахија, попознат како Влад Цепеш или едноставно како Дракул кој  бил Војвода на Валахија и бил познат по својата суровост.

Напишан е во епистоларна форма, односно во писма, бродски извештаи и записи во дневник. Главна личност во романот е грофот Дракула (прекар што на романски значи „син на змеј“) кој живее во Трансивланија, кој патува во Англија во потрага по нови жртви, нова свежа крв, но на крај успева да биде уништен од група на неколку викторијанци кои наоѓаат начин да го уништат злото.

Дејството на романот се случува во Трансилванија и во Англија. Џонатан Харкер е адвокат кој доаѓа од Англија во затскриениот замок на грофот Дракула на планините на Трансилванија да му помогне за купување на имот во Англија. Џонатан сфаќа дека станува практично заробеник на неговиот имот и е заведен од три женски вампири кои сакаат да ја цицаат неговата крв, но  подоцна успева да избега и се враќа во Англија.

Случките во замокот во кои  Џонатан успева да се спаси од загризот на Дракула со тоа што носи крст кој претходно му го даваат луѓето од имотот на Дракула навистина предизвикуваат морници и го покачуваат адреналинот.

Дракула со брод заминува за Англија, и целиот екипаж и патниците на бродот се убиени. Секоја ноќ некој исчезнува на чуден начин на бродот.

Други ликови во романот се и преубавата свршеница на Џонатан – Мина и нејзината пријателка Луси. Луси добива три понуди за брак во ист ден, меѓу кои и од еден психијатар кој се грижи за неа. Таа почнува да се однесува чудно и тој бара помош од својот пријател професорот Ван Хеслинг. Професорот веднаш забележува дека Луси почнува да се повампирува (има загриз од вампир на вратот) и почнува да и дава трансфузија, но не успева да ја спаси. Таа умира  и се повампирува. Ван Хеслинг станува свесен за тоа и ги убедува другите да го најдат нејзиниот гроб. Тие го наоѓаат и ја убиваат со тоа што ѝ го прободуваат срцето со колец.

Така на крај завршува и грофот Дракула кој се враќа во Трансилванија, но сите го следат и на крај го уништуваат и го спасуваат селото од неговите пакости.

Во романот како една од темите е присутна онаа на борбата помеѓу  Истокот и Западот. Западот е Велика Британија, најголемата империјалистичка моќ во тоа време а Истокот е мистериозниот и уназаден Балкан, полн со суеверија и мистицизам.

Дракула се обидува да научи сè што може за западната култура за да може да ја надвладее. На крајот, и покрај тоа што се обидува да го освои западниот свет, империјалистите го бркаат назад и го убиваат.
    „Нова жена“ е термин користен за жени кои сакаа да бидат ослободени од викторијанските стеги и кој е користен за првпат во романот.
    Доброто наспроти злото е исто така многу очигледна тема која постои во романот. Она што посебно ми се допадна е тоа што доброто победува на крајот и Дракула е уништен.
Тука е и темата наука која секогаш се спротивставува на суеверието. Додека, Ван Хелсинг е научник и испробува секаков научен медицински пристап да ги спаси жртвите на Дракула, многу е чудно тоа што она што може вистински да ги спаси сите се суеверијата како – лукот, светата вода, набодување на колец итн.   

 Иако во викторијанското општество сексот како тема бил табу, една од темите во  Дракула е сексот и заведувањето. Но цената која сите ја плаќаат за слободата е крвавата смрт.
    Интересно е тоа што според некои главна инспирација за романот бил актерот Хенри Ирвинг. Според еден негов биограф неговото пријателство со Стокер било прикриена љубовна врска. Актерот Хенри Ирвинг кој бил еден од најголемите актери во тоа време имал многу чуден карактер и бил многу егоцентричен и манипулативен човек.

Навистина Стокер имал многу инспирација да го напише романот и грофот Дракула ќе остане да биде вампир легенда која ќе се раскажува, чита и гледа пред малите екрани и од генерациите кои доаѓаат.

Пред да гледате уште некоја нова направена екранизација на ова дело, прочитајте го романов и ќе сигурно ќе уживате осебно ако сте љубители на хорор приказни пролеани со мистицизам и загадочност!   

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.