Мајкините солзи – Благица Бунтеска

Убав сончев пролетен ден , насекаде како да се ширеше мирис на зелена трева во дворовите, по парковите, во градините мирис на бели и лилјакови зумбулчиња, кои штотуку процветале. Се ближи најскоро најголемиот Христијански празник Велигден. Сите се припремаат од срце да го пречекаат, кој како може и кој колку може. Среда пазарен ден во Прилеп, секој брза да пазари што е најнеопходно за овој голем празник, исто така и да ја запази забраната за движење, спрема поставените мерки на Владата, за спречување и ширење на невидливиот Корона вирус. Истиот се шири со голема брзина скоро и во целиот свет. Како и останатите пазарџии, исто така и јас се враќав од пазар. Поминав покрај паркот, кој е во непосредна близина на мојот дом. На клупа седеше мајка со три малолетни машки дечиња и разговараа. Одејќи, се приближив кон нив и слушнав како најголемото синче, ја праша својата мајка: – Мамо, скоро е Велигден, кога се купуваат јајца за празникот и кога се вапцуваат истите? Мајката почна да плаче, велејќи дека денес, среда се купуваат, а утре е Величетврток, се вапцуваат велигденските јајца за празникот Велигден, ама ние немаме пари да купиме, липаше длабоко од срце.
Не можев да продолжам кон дома, а да не застанам и разговарам со мајката на трите дечиња, што се случува и зошто плаче, нешто да и помогнам и како се вика?
Таа ми одговори со плачлив глас дека се вика Ленче, поразговаравме малку, таа ми ја опиша на кратко нејзината тешка судбина. Големото дете се вика Иле има осум години, роден е на празникот “Илинден”, а двете се близначиња и се родени на свети “Кирил и Методиj”, се викаат Кире и Менде и имаат по пет години.
Сопругот ми е починат пред две години во немил настан, возеше трактор се преврте тракторот и го потисна, така да почина на лице место и таа останала сама со децата. Големиот Иле се сеќава на татко му, а маливе беа само по три години, и бледо им е сеќавањето за жал, не се сеќаваат за нивниот татко. Иле силно ја гушнал својата мајка, а малите близначиња застанале пред неа, еден од една страна , а другиот од друга страна на Иле, како да ја бранат својата мајка, за да не би ја изгубиле и неа. Јас, ја прашав како излегува на крај со нејзините три мали дечиња? Работела во приватна фирма, зема минимална плата ѝ помагаат нешто нејзините кои живеат во Прилеп, а нешто родителите на починатиот сопруг Јане, кои живеат во село подалеку од Прилеп. Со моменталната ситуација со вирусот и полицискиот час, кој е потребно да се почитува, тие не можат да доаѓаат во градов кога можат. Инаку ми носеа млеко, сирење бело, биено, пилешко и свинско месо, брашно, јајца и еве сега немам и не можам да им вапцам велигденски јајца, а кутрите си бараат. Го слушнав нејзиниот горчлив живот и тешката судбина на младата Ленче, солзите сами се тркалаа по моите образи, не можев да останам рамнодушна. Претрчав до дома и ги оставив моите ствари и се вратив кај нив, на кои им реков да почекаат. Продолживме на пазар, купивме јајца, зеленчук, овошје, благи солени кекси за Велигденската скромна трпеза да не биде празна. На децата им реков да си одберат трењерки по вкус и големина, а не ја изоставив и мајката Ленче, која доби подолг џемпер за Велигден. Радоста нивна беше неизмерна, а колку се радував јас, што тие толку многу се изненадија и израдуваа, ште , ете, ќе имаат убав празник Велигден.
Мајката Ленче од преголема радост и благодарност, плачеше, липаше, неможејќи да се воздржи од настанот што ѝ се случи тој убав пролетен ден. Повикав такси, топло се поздравивме со тажната мајка и нејзините три синчиња, среќни и задоволни, се упатија кон нивниот дом.
СЕКОГАШ ДА ПОДАДЕМЕ РАКА НА СИТЕ, НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ, БИЛО НА КОГО, БИЛО И КОГА, КОЈА РАКА ДАВА, ТАА НИКОГАШ НЕ СЕ СУШИ. ГОСПОД БОГ ДАВА И ВРАЌА ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА, РАДОСТ И БЛАГОДЕТ.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ НА СИТЕ НАШИ ВЕРНИЦИ.

Благица Бунтеска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.