
,,Како што е умешност да се напише тешка, содржајна поема или прозно дело. Исто така е тешко да се напише и тешка но забавна брзозборка. ”
Брзозборки, сигурен сум дека скоро сите кои ќе го прочитаат напишаново ќе се присетат на своите баба и дедо. Кои, како мали им биле кажувани итри зборчиња кои биле не сфатливи за нив. Во мојот случај :), бабата беше таа која знаеше да ми каже и некоја ,,сочна,, брзозборка која ќе ја споделам со вас. Но пред тоа, ајде да научиме нешто повеќе за брзозборките. Како тоа и кои се македонските писатели кои пишувале брзозборки.
Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение. Тие се пресврт на јазикот и специфична низа на зборови чиј брз, повторен изговор е тежок дури и за говорителите на мајчин јазик.
Честопати, тие се слични зборови што следат еден на друг, но се разликуваат во одредени слогови. Чести се и алитациите (македонски писател кој покрај другото пишувал поеми со употреба на алитации како вид е Матеја Матевски). Покрај тоа, некои јазици се тешки заради нивниот необичен состав на зборови (структура на реченици) и затоа бараат високо ниво на концентрација. Некои брзозборки на јазик се направени за забава, но од друга страна, професионалните ,,говорници,, како што се актерите, политичарите и домаќините на телевизија / радио ги користат како вежби за артикулација.
Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и уште неколку писатели. Притоа ајде да се потсетиме на дел од нив, од друга страна и да научиме некои нови кои за прв пат ги сретнуваме. 😉
- Бел петел бела пепел преташе.
- Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.
- Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.
- Лош кантар црн катран мереше.
- Во дол бол има вол.
- Ситна роса ситно трева росеше
- Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.
- Седеше турче, на криво крувче.
- Че ом, че ам, че дом.
- Ж’т д’лг в’к.
- На врв брда врба мрда.
- Пролајало јаре.
- Машина шо сушит.
- Секој петок урда јадам.
- Кралот Карло на Кралицата Карла и го украл кларинетот.
- Карикатуристот карикатурира карикатура со карактеристичен карактер.
- Пет илјади петсто педесет и пет шишиња полни со свеж швепс.
- Ми рекоа да му речам и си реков дај да му речам да не речат дека не сум му рекла.
- Фатив слон и сом на сон.
- Учителката вика дека за вика не се вика вика туку се вика Велика.
- Штркот штрака со штракалката.
- Петко плете плет,Петкоица меси леб,пушти Петре плет, за да јадеш леб.
- Јадев леб под пукнат камен, пиев вода над пукнат камен.
- Шест чаши свеж швепс.
- Капа опаку капа.
- Потипис дата вода пијам.
- Пушка пукна, патка падна.
- Жабата Жа од барата Ба ја викнала жабата Ба од барата Жа.
- Боб под поклоп.
- Штрк, штр, балабан, потфати се под ваган.
- Петко наш голем маж, фатил глувче за опаш.
- Мало бек, лапај снек, цепи штици, јади трици.
- Поминаф поле Лазороо, најјдоф зељзка расолоа, овја расол лош расол, нашиот расол арен расол.
- Саач, шут саач.
- Три педи три погачи за мајкина пизма.
- Угоре мома удолу коса.
- Желта дуња Деспина, роди сина мајмуна, го крстие Спаско.
- Дојди попе, дојди пак пак, не ти гинит тфојот ак, за земање никој пат.
- Жими буда недеља герамида кадеља.
- Не су јаре видела дробот си го изела.
- Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.
- Наташа од Ваташа и Маташа од Ваташа.
- Бутур, бурмут, тутун.
- Крле корка крка, од грнец грав срка.
- Калелем јарма урма тас тус пинпиле канче катанче
- Црн мебел, бел мебел.
- Кракара Бакара Бакара Кракара Скинат конец со Макара.
- Роса- роса росица, до појас косица.
- Нешто шушка,на крушка,до грмушка.
- Пукна пушка под пењушка.
- Петко пеш по патот оди, патот право в училиште води.
Сега ви останува само да вежбате и да се смеете. 😉