Се прилагодуваме на промената и во тишина со отуѓување се сплотуваме

Промената започнува со тишина додека внатрешно се случуваат бури, цунами и потопи. Не се плашете од промените, ниту пак од тишината. Сега повеќе од никогаш сме соочени со внатрешна и надворешна тишина – ја запознаваме во ново светло.
Имаме шанса како никогаш претходно – да се избориме од невидлив непријател, од злокобно смртоносно лебдечка закана која нема да биде посилна од нас! Нормално е да постои загриженост, страв и мала паника, но нека не ве совладуваат.
Остануваме смирени и трпеливо чекаме промената да се случи, да прекинат бурите и научени на новата тишина да продолжиме да живееме во старо-новиот свет.
Никој не вика дека е лесно прилагодувањето на промените, впрочем секоја промена е тешка. Бидејќи секој почеток изгледа тежок на некој начин, не значи дека и процесот на привикнување треба да биде таков, ниту пак крајот. Неизвесност, прашања на кои се бараат одговори, понекоја нетрпеливост, исчекување, очекување, бура од емоции…

Не мора секогаш да ги разбирате чувствата што се јавуваат во вас, но треба да ги препознавате и да пробате да откриете зошто го чувствувате токму тоа што се јавило во вас. Сега имаме шанса да се запознаеме себеси подобро, да ги видиме нашите маани и со длабока искреност да си ги прифатиме, но и да размислуваме за нив без осуда.
Некои го правеа ова и пред да бидне карантин, но некои едноставно поради преокупираност со обврски немале време да се свртат кон себе.
Вистински момент е за да се запознаеме со нас целосно, со нашето јас, со нашите желби, можности и способности. Со нашата толеранција и адаптибилност на промени, нашата толеранција и трпеливост, нашата скромност или алчност.
Имаме шанса да промениме многу работи што не ни се допаѓаат, всушност како и досега како и пред вонредната состојба, само што сега немаме изговор дека се нема доволно време, ниту пак дека некои работи се невозможно. Велам, ако се сака ќе се најде начин, секогаш постои можност за да ги исправиме грешките и да бидеме подобри од што бевме вчера. Не бидете строги кон себе, но ниту претерано попустливи. Дознајте ги вашите слаби и силни страни и свртете ги во ваша корист! Вие управувате со вашите мисли, а не тие со вас – не го заборавајте ова. Вие ја имате моќта во вашите раце, но со таа моќ доаѓа и целата одговорност. После сè ова, кога ќе заврши бидејќи ништо не трае вечно, и врапците на гранките чијашто мелодија е погласна и поубава секој ден, знаат дека ова ќе заврши. Нивната песна одѕвонува во парковите, дворовите, на балконите, едноставно сега животните и природата се најгласни и попривилегирани од нас, ако им дадеме човечки особини. Моментално сме како животните во зоолошка затворени во нашите „кафези“, но слободни во можностите и во дејствувањето внатре во нив. Останувањето дома не е тешка обврска ниту пак казна, седењето дома во топло макар и да се работи само за четири ѕида е привилегија која бездомниците и многу други луѓе во светот за жал ја немаат. Седењето дома не е затворска ќелија туку можност за многу нешта. Останете во добро здравје, читајте, создавајте на сите можни начини, слушајте музика, пеете, играјте, и сè што сакате, а можете. До следно! На здравје паузирање.

Наталија Наумовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.