„Намерници“ е нajновата објавена книга од Ристо Лазаров

Издавачката куќа ,,ВиГ Зеница” ја објави најновата книга на Ристо Лазаров ,,Намерници”, а како што наведува во предговорот на книгата Димитар Пандев, овој пат поетиката на Лазаров добива свое прозно преточување во прозните записи кои се нов творечки предизвик на авторот, започнат уште од книгата ,,Врежанки”.

Книгата содржи триесет и шест записи за Скопје и неговите намерници (Орвел, Горки, Хичкок, Сартр, Гомбрович, Брижит Бардо…), а кон нив се приложени и два оригинални записи на Петер Хандке и Густав Крклец.

– „Намерници“ е книга што го задоволува вкусот на македонскиот читател, зашто е преисполнета со светот и светски имиња, она што нашиот жеден книгољубец одвеќе и одамна го прижелкува. Но таа желба, Лазаров ја занадополнува со прагматични жедби за механицистички средби, по принципот токму овде и токму сега, што ја отвора перспективата на етнографијата на комуникацијата, која особено инсистира на учествувачите (според Лазаров): намерниците, на областа или темата на разговорот (која е беспрекорно скопска, барем според пивото, и малку од малку, еврејска, според семките). Се разбира, сѐ се тоа артефакти, кои на малкумина им се познати, зашто тој свет не е подалеку од светот на спомениците, кои ако не се цел (намера) на комуникологијата, тогаш секако се на медиологијата. А за многумина тие се подведени под ист фактор. Различна им е, имено, само антропоморфизацијата. Впрочем, во книгата на Лазаров, намерниците се медиуми! И таа предикација не е комуниколошка, туку естетска! И се случува во центарот на разговорноста, истакнува Пандев.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.