Крикот на душата

Ги постави клучовите на масата и се навали на столицата што стоеше веднаш до прозорецот. Ги затвори очите и вдиша длабоко. Настапи тишина. Толкава тишина, што можеа да се слушнат возбудените отчукувања на нејзиното срце. Слушнав пукање, болно пукање на нечија душа. Тоа беше нејзината. Кога ги отвори очите, кога на ноќта ги покажа тие сини очи полни со солзи, веќе ништо не беше исто. Тогаш знаев дека нејзиното срце повеќе не можеше да го издржи тој товар, та почна да плаче. Кога болката не може да се искаже со зборови, ние плачеме. Тогаш солзите сигурно тоа можат да го направат. Погледна кон мракот и упати една желба кон ѕвездите. Полека низ нејзините усни, се тетеравеа неколку збора. Една желба, една молитва, една љубов.

,,Боже, неговиот лик, неговиот глас, очи, усни, прегратки, неговата става”, шепотеше додека интензитетот на болката со секој нареден здив сè повеќе се зголемуваше. Знам дека посакуваше да може да го врати времето. Да бидe храбра, да напрваи работи кои беа својствени за неа. Знам дека посакуваше да не молчи повеќе, да каже што ѝ лежи на срцето, да ја искаже љубовта што ја распнала нејзината душа, знам дека сакаше да даде љубов, но сега немаше храброст доволно.

Ох, јас нејзината сенка, знаев дека многу ѝ недостасува сè што е поврзано со него. Таа боледуваше, сакаше да го види повторно. Како што никој никогаш не ѝ недостасувал, како што на човекот може некој најмил да му недостасува, како сонцето кога има дожд, како вода во пустините, сега тој ѝ недостасуваше. Уште поголема беше болката кога пред очите се појавуваше неговиот лик, кога за душата ќе ја скокотнеа неколку спомени. Кога го гледаше во нејзините мисли неговиот од, начинот на кој ја пали цигарата, начинот на кој зборува. Посакуваше да може да отиде и да го прегрне.

Но таа немаше храброст. Повторно воздивна и посака сила, кога веќе нема храброст. Посака да не биде сместена во заборавот, посака да го види повторно и даде заклетва дека нема да го предаде своето срце на друг.

Јас само ја следев и запишував. Ја запишав нејзината болка, ја запишав љубовта за да се чита и да не се заборави.

Ех животе, што е тоа во тебе што те прави толку непредвидлив. Што е она што не дозволува љубовта да биде искажана понекогаш? Што е она на кое светот суди?

Ех само да се има храброст, само да се има малку повеќе храброст…

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.