Занимливи факти за неколку познати писатели

  1. ПАБЛО НЕРУДА
  • Неруда починува во 1973 год. Но во 2013-та неговото тело е есхумирано со образложение за аутпосија. Ова се случило поради фактот што одредени личности се сомневале дека Пабло Неруда бил отруен од страна на чилеанскиот претседател Августо Пиноче. Но, на крај се воспоставува дека славниот писател починал од рак.
  • Првата негова книга ,,Crepusculario” – (1923), ја издава самиот тој. За да може да ја издаде тој го продал својот намештај, часовникот кој му бил поклон од неговиот татко и неговото омилено црно одело ,,De Poeta”. И покрај тоа тој сепак морал да позајми плус пари од негови пријатели за да ја издаде книгата.
  • Вистинското име на Пабло Неруда гласи: Рикардо Еличер Нафтали Рејс Басолто. Но, тој го одбира псевдонимот Неруда по чест на славниот чешки писател Јан Неруда. Потоа тој го менува и своето име од Рикардо во Пабло со причина за да се скрие од својот татко при издавање на неговите книги. Новото име Пабло Неруда го користи како маска поради тоа што неговиот татко настојувал Рикардо да запише педагошки факултет. Кога тој разбира дека Пабло го прекинува факултетот му ја сопира целосната економска поддршка.
  • Неруда освен писател бил и дипломат кој ја служел таа улога во чилеанските амбасади во Бурма, Сингапур, Мексико и Шпанија.
  • Неруда при пишување на своите дела користел исклучиво зелено мастило. Доколку снемал зелено мастило тој ги оставал недовршени своите делa.

2. ГАБРИЕЛ ГАРСИЈА МАРКЕЗ

  • Маркез, никогаш не дозволил Холивуд да направи филм по неговото дело ,,One Hundred Years of Solitude”. Притоа рекол дека Тие би ангажирале некој глумец како Роберт Редфорд кој не е ни налик неговите сонародници.
  • Неговиот прекар помеѓу неговите блиски бил ,,Габо”, кој бил и најстар од 12-те деца на неговите родители.
  • Својата кариера ја започнал како новинар во весникот Ел Картагена во 1948 год. Притоа бил и близок пријател со Фидел Кастро.
  • Во еден наврат тој го продава својот автомобил за пари, притоа се снабдил со материјали за пишување. Непрестано почнал да пишува повеќе од 18 месеци. Производ на ова маратонско пишување било делото под наслов ,,One Hundred Years of Solitude”.
  • Поради неговото гледиште како колумбиец на Америка, сенатот одлучува да му стави доживотна забрана за влез во Америка. Но во време на Бил Клинтон, таа забрана се поништува. Притоа една улица во источен Лос Анџелес го носи неговиот прекар ,,Габо”.
  • Во 1999 год. му е дијагностициран лимфатичен рак, притоа тој одлучува набрзина да почне со пишување на неговите мемоари.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.