30 цитати од Ерих Фром: „Наш морален проблем е човековата рамнодушност спрема себе!“

Ерих Фром бил германски психоаналитичар, хуманистички филозоф и демократски социјалист. Фром пишувал рационално и со јасен стил, што довело до голема популарност на неговите дела. Тој станал славен со книгата „Бегство од слободата“ (1941) во која го изразува ставот дека современиот човек, поради стравот од слободата, бега во авторитаризам, конформизам и деструкција. Според антропологот Маргарет Мид, оваа книга „го премости јазот меѓу економијата и психологијата и покажа дека ниедна теорија која се заснова само врз начинот на кој човекот заработува за живот или само на човечката природа не е доволна“.

Во продолжение следуваат неговите цитати.

  1. Најважна животна задача на личноста е да си даде себеси живот, да го оствари својот потенцијал. Најважен плод на нејзините напори е нејзината способност.
  2. Не би требало никому да даваме објаснувања и извештаи додека нашите постапки не ги повредуваат или задираат другите. Колку животи се уништени од потребата тоа да се „објасни“, што обично значи да се биде „сфатено“ односно оправдано. Нека пресудат според вашите постапки, а според нив – за вашите вистински намери, но знајте дека слободната особа треба да објасни нешто самата на себе – на својот ум и свест – и на неколкумина кои имаат право да побараат објаснување.
  3. Ако сакам се грижам, т.е. активно учествувам во развојот и среќата на другата особа, не сум набљудувач.
  4. Целта на човекот е да биде сам со себе, а услов за постигнување на таа цел е да се биде човек за себе. Не самоодрекување, не самољубие, туку љубов спрема себе, не отфрлање на поединци, туку афирмација на сопственото човечко јаство: тоа се вистинските највисоки вредности во хуманистичката етика.
  5. Во животот нема друга смисла освен она што на човек му се дава, откривајќи ја сопствената сила да се живее продуктивно.
  6. Ако личноста може да живее не во присилба, не автоматски туку спонтано, тогаш себеси се сфаќа како активна креативна особа и разбира дека животот има само едно значење – самиот живот.
  7. Ние сме она со коешто сами сме инспирирани и со коешто другите нè инспирирале.
  8. Среќата не е некаков божествен дар, туку достигнување кое човекот го достигнува со својата внатрешна плодност.
  9. За личноста сè е важно, освен сопствениот живот и уметноста на живеењето. Тој постои за било што, но не за себе.
  10. Индивидуата која се чувствува суптилно не е во состојба да се спротивстави на длабоката таги поради неизбежните животни трагедии. И радоста и тагата се неизбежни искуства на чувствителниот, исполнет човечки живот.
  11. Несреќната судбина на многу луѓе е резултат од нивниот избор. Не се ниту живи ниту мртви. Животот се покажува како товар, непроценлива окупација, а делата се само средство за заштита од болка во кралството на сенките.
  12. Концептот „да се биде жив“ не е статичен поим туку динамичен. Постоењето е исто што и откритието на специфичната сила на телото. Актуализацијата на потенцијалната сила е вродено својство на сите организми. Со тоа откривањето на човечките потенцијали спрема законите на нивната природа треба да се смета за цел на човечкиот живот.
  13. Емпатијата и искуството сугерираат дека во себе го доживувам она што го доживува другата особа, и според тоа, во тоа искуство таа и јас сме едно. Сите сознанија за другата особа вредат онолку колку што се потпираат на моето искуство на оној што го доживува.
  14. Сигурен сум дека никој не може да го „спаси“ својот ближен одлучувајќи се за тоа. Единствено како една особа може да ѝ помогне на друга е ако ѝ ја открие вистината и со љубов, но без чувства и илузија, постоење на алтернативи.
  15. Животот го поставува човекот на парадоксална задача: од една страна да ја спознае својата индивидуалност, а од друга да ја најде и да дојде до искуство за универзалност. Само низ сеопфатен развој човекот може да се издигне над своето Јас.
  16. Ако детската љубов произлегува од принципот: „Сакам бидејќи сакам“, тогаш и зрелата љубов доаѓа од начелото: „Сакам бидејќи сакам“. Незрелата љубов вика: „Сакам бидејќи ми требаш!“. Зрелата љубов тврди: „Ми требаш бидејќи те сакам.“
  17. Несебичната опседнатост еден со друг не е доказ за моќта на љубовта туку само сведоштво на неизмерна осаменост која ѝ претходела.
  18. Ако личноста ја доживува љубовта по принципот на поседување тоа значи дека настојува да го лиши објектот на својата „љубов“ од слобода и да ја држи под контрола. Таквата љубов не дава живот, туку ја потиснува, уништува, гуши, убива.
  19. Поголемиот број луѓе верува дека љубовта зависи од објектот, а не од сопствената способност за љубов. Тие дури се уверени дека бидејќи не сакаат никого освен „саканата“ особа тоа ја докажува силата на нивната љубов. Тука се гледа грешката – инсталација на објект. Тоа е слично на состојбата на особа која сака да црта, но наместо да студира сликарство, инсистира дека едноставно мора да најде пристојна природа, а кога тоа ќе се случи, убаво ќе слика, а тоа ќе се случи само од себе. Но ако навистина ја сакам личноста, ги сакам сите луѓе, го сакам светот, животот. Ако некому можам да му речам „те сакам“, би требало да бидам способен да речам „сакам сè во тебе“, „го сакам целиот свет благодарение на тебе, во тебе се сакам самиот себе.“
  20. Детскиот лик го глуми ликот на родителот, тој се развива како одговор на нивниот карактер.
  21. Ако личноста е способна да љуби во потполност тогаш таа се сака и себе, ако е во состојба да ги сака само другите таа не може да сака воопшто.
  22. Општо е прифатено дека љубовта е најголемо достигнување на љубовта додека во реалноста тоа е почеток само на можноста за стекнување љубов. Општо е прифатено дека тоа е резултат на меѓусебната мистериозност и привлечност на двајца луѓе што ја имаат еден спрема друг, одредено случување кое се случува само од себе. Да, осаменоста и сексуалните желби ја прават љубовта лесна афера и нема ништо таинствено, но ова е успех кој заминува еднакво брзо како и што дошол. Не се станува случајно сакан: вашата сопствена способност за љубов ја предизвикува љубовта на ист начин на кој интересот ја прави личноста занимлива.
  23. Човекот кој не може да создаде сака да уништи.
  24. Зачудувачки, но способноста да бидете сами е услов за способност во љубовта.
  25. Колку е важно да се избегнуваат празни разговори подеднакво е важно да се избегнува лошо друштво. Под „лошо друштво“ подразбирам не само злобни луѓе – нивното друштво треба да се избегнува бидејќи влијаат угнетувачи и деструктивно. Мислам и на зомби друштво чијашто душа е мртва, иако телото е живот: луѓе со празни мисли и зборови, луѓе кои не разговараат туку говорат, не размислуваат туку изнесуваат заеднички мислења.
  26. Во саканата особа треба да се пронајдеш себе, а не да се изгубиш во нејзе.
  27. Ако предметите би можеле да разговараат тогаш на поставеното прашање „Кој си ти?“, машината за пишување би одговорила: „Јас сум пишувачка машина“, автомобилот би рекол: „јас сум автомобил“ или поточно „ јас сум Форд или Кадилак“. Ако ја прашате личноста кој/а е тој/таа, одговара: „јас сум производител“, „јас сум работник“, „јас сум доктор или „оженет/а сум“ или „татко сум на две деца“, а тој одговор ќе значи речиси исто како што би значел одговорот на она што би го рекле предметите.
  28. Ако другите луѓе не го разбираат нашето однесување – па што? Нивната желба да го направиме тоа само онака како што тие го разбираат е само обид да ни диктираат. Ако тоа значи да се биде „асоцијален“ или „ирационален“ во нивните очи, нека значи. Најмногу ги повредува нашата слобода и нашата храброст да бидеме тоа што сме.
  29. Нашиот морален проблем е човечката рамнодушност кон себе.
  30. Човекот е средиште и целта на неговиот живот. Развојот на нечија личност, остварувањето на сите внатрешни потенцијали е највисока цел која едноставно не може да се промени или да зависи од други наши цели.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.