13 знаци дека сте исполнети со негативни емоции

Човекот е социјално битие, а тоа значи дека е навикнато да живее во заедници, да се социјализира со луѓето во неговата околина, да биде припадник во некоја општествена група и да биде опкружен со луѓе. Поради настанатата промена и ограничувањето на движењето факт е дека животот не функционира како што функционираше пред појавата на вирусот. Но ова не значи дека не можеме да се адаптираме на новата средина и условите кои во поголема или помала мера самите си ги поставуваме.
Што се случува кога емоциите што ги чувствуваме не се баш најпозитивни?
Константниот страв, стресот и анксиозноста можат да предизвикаат сериозна негативна ментална состојба која остава трајни последици по здравјето на поединецот.
Негативните емоции не му прават никаква услуга на организмот ниту на човечката благосостојба.

Следниве знаци покажуваат дека вашето ментално здравје е загрозено поради чувство на одреден вид паника и појава на негативни чувства. Нивната појава може да се поврзе со моменталната состојба, но и не е нужно.
Истиве сигнали што се манифестираат може да се појават и во сосема нормални услови на живеење:

  • Константен страв
  • Постојано чувство на тага
  • Немир
  • Инсомнија
  • Конфузија
  • Повторувачка лутина
  • Посттрауматски стресни симптоми
  • Депресија
  • Трајно лошо расположение
  • Голем стрес
  • Вознемиреност
  • Турбулентна (променлива) емоционална состојба
  • Иритабилност
  • Емотивна исцрпеност

За да го зачувате вашето ментално здравје најважно е да ги следите сопствените рутини и да останете активни и во домашни услови. Правете ги работите што ги сакате и нешто што одамна сте сакале да го направите, а сте немале време. Ослободете се од стресот на ваш начин преку пријатни активности. Останете во добро здравје, слушајте препораки и чувајте се.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.