Конкурс за видео слем поезија: Сподели го твоето наследство

ХАЕМУС во соработка со Поетри Слем Македонија го отвори конкурсот за доставување на видео со слем поезија на тема „Сподели го твоето наследство“.
Настанот ќе се одвива онлајн на 18.04.2020.

-“Независно дали се работи за локалитети, пејзажи, практики (обичаи) или збирки (артефакти и/или уметност), со оваа тема е опфатено разновидното културно наследството и нашата колективна одговорност да го заштитиме, презентираме и да го пренесеме на следните поколенија неговото значење и неговата вредност. Ги поттикнуваме поетите и поетесите да го истражат она коешто ги инспирира од одредено културно наследство кое е од особена важност за нив лично или за местото каде живеат и да ја споделат нивната поезија со јавноста поттикувајќи дискусија и дијалог“, велат од ХАЕМУС.

Идејата за интерактивниот онлајн настан “Сподели го твоето наследство“ е инспирирана од овогодишната тема „Заеднички култури, заедничко наследство, заедничка одговорност“, повод „Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите“ кој секоја година се одбележува на 18 април. Целта е преку употребата на алатките на новите медиуми да се подигне свесноста за културно наследство коешто нѐ отопкружува, за неговото значење и одговорноста која ја имаме како општество.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.