Зимата во нашите души

,,Зошто зимата во една душа многу лесно доаѓа, а тешко си заминува?

Гледам во нашите души и се прашувам каде е сонцето?  Кој ли го украл и зошто не го врати? Зошто овие дождови, зошто овие снегови, зошто волкава зима во сите нас? Зошто нема расветани дрва, улици полни со љубов, детски џагор? Кога во душата е зима тешко се преживува. Кога љубовта ја заклучуваш во душевниот кафез и ја оставаш да чека за некои поубави времиња, кога прегратките ги чуваш за подоцна, кога не сакаш да се ослободиш од болката која упорно те измачува бидејќи не сакаш другите да те гледаат како ,,слабак”, кога не искажуваш емоции бидејќи можеби нема да бидат возвратени, кога молчиме, а треба да зборуваме, кога сме премногу горделиви, а треба само една насмевка за да се зближиме. Тоа е зимата во нас.

Велат дека животот е многу едноставен. Ако некој ти недостасува јави му се, ако некого сакаш – кажи му. Ако имаш прашање – прашај, ако сакаш да зборуваш – зборувај. Но луѓето работите ги прават секогаш покомплицирани од она што се, та самите со свои раце зима ставаат во својата душа.

Гледам зимава подолго време се задржала во срцава. Се прашувам кога ќе си замине, кога ќе бидеме повторно слободни? Кога повторно ќе се сакаме? Кога ќе се прегрнеме, кога љубов ќе си дадеме? Зарем ќе се стопат снеговите во нас, ако ние не преземеме нешто? Зарем тие бариери самите ќе се срушат, ако не ги бомбардираме со нашата љубов?

Зарем другите ќе знаат ние што чувствуваме кон нив ако не им кажеме, ако не зборуваме едни со други?

Оваа зима не треба уште долго да се задржи во нас, бидејќи животот не простува.

Нека расцветаат шаренолки цвеќиња, нека на местата каде имало мразулци, сега има убави свежи емоции, да ја обновиме нашата љубов, да обновиме сè што е човечко во нас и повторно да го ставиме на сила. Да не заборавиме дека пред сè останато, ние сме луѓе. Луѓе кои се сакаат меѓусебно, но се плашат да ја избркаат зимата од нивните души. Луѓе кои сакаат тоа да го направат но понекогаш не знаат како. Луѓе кои некогаш се плашат од пролетта. Но треба да бидеме храбри. Во зима е студено, да не бидеме и ние такви студени луѓе. Нека бликаме од емоции, од љубов, од добрина. Да бидеме најдобрата верзија до себеси.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.