Во детскиот свет

Петре Мито Андреевски –  (25 јуни 1934 – Скопје, 25 септември 2006), е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател). Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно. Но синоним за неговото творештво, се разбира е стихизбирката за деца со наслов ,,Касни Порасни”, притоа ви доловуваме неколку поеми.

ЦРЕША

Како прво и прво црешата се
вцрви до врвот од црешовото дрво,
а како второ, а не прво,
се тресеше целото дрво
кога од неговите ветки
беревме црвени обетки.

ЈАГОДИ

Ко жарчиња в лице горат,
мислиш нешто срамно зборат
или пак на сите места
од нас им се зема свеста,
па одвај го држат сокот
за да не му мине рокот

КАЈСИЈА И ПРАСКА

Кајсијата и праската лично
си ја бараат својата сличност
и си светат кој знае до каде
тука нема што да се додаде,
без нив и ти можеби си видел
во бавчата потемно ќе биде.

ЈАБОЛКА

Јаболкниците имаат болка
не знаат што се без јаболка,
без јаболка и без птици
тие не се јаболкници,
јаболката, пак, од ред сите
си се мислат на гранките.

КРУША

Крушата е чудна чаша,
до врв полна слатка каша,
ене една кренал ежот
да измери колку тежи,
кај нас велат земи круша,
рани душа да те слуша.

ЛУБЕНИЦА

Ах, таа лубеница, таа деница
среде поле ко негова реченица,
дали има нешто повеќе што блажи,
не може со полна уста да се каже,
само една пчела остана да бучи
верувајќи дека друго ќе се случи.

ГРОЗЈЕ

Глеј, од лозјата не вика
сака со нас да се слика,
но, над него пчели јато
со прочуено минатот,
се караат и се мират,
првата ја пијат шира.

СЛИВА

Е, сливата не е жива
ако некој ја прозива,
за компот или за слатко трајно
или за нешто позначајно,
не знам зошто и е криво
што влегува во нов живот.

СМОКВА

Зелено е вирче роса,
торбе полно ситно просо,
низа на врат што се носи,
но најмногу од се е
слаткараница што умее
од теглата да се смее.

БАНАНА

Има една лоша страна,
само една мана знајна,
што не расте и кај нас,
но што значи
една мана
за позлатената банана.

ПОРТОКАЛ

Мирислив и жолт ко цвеќе,
а можеби и повеќе,
од родната земја, крајот,
му останал само сјајост,
како доказ спомен некој,
дека дошол од далеку.

ЛИМОН

Ако можеш намини
на свежи витамини,
од сончеви падини,
лимонови градини,
и здравје и понада
во чаша лимонада.

ОРЕВИ

Во секој орев јатки златни,
ко сестрички чистопатни,
уплашени во своите лица
што ги демне верверица,
уште не можат да сфатат
од кај паднале на патот.

КОСТЕНИ

Каква есен, каква есен,
не знам колку костени ни снесе,
сега надвор врне, снежи,
а ним им гори, жежи,
си пукаат на печката гласно,
како ништо да не им е јасно.

*Продолжува на наредна страна

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.