Конкурс за средношколски есеи распишан од Меѓународен Славјански Универзитет

Издавачката куќа на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Меѓународен Центар за Славјанска Просвета – Свети Николе распишува

КОНКУРС

за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

  1. Животот во година број 3000.
  2. На градот му е потребна промена!
  3. Цензура. Да или не?
  4. Ни треба чудо или наука за да ја спасиме планетата?
  5. Мојата визија
  6. Дали луѓето се навистина добри?
  7. Слободна тема

Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2020 година. 

Бараме оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.
Насловите на темите се дадени само како насоки за авторот. Може да давате аргументи за и против, може да се согласувате и да не се согласувате со дадените теми. Во оформување на идејата (и колку апстрактна таа ќе биде) можете да имате целосна слобода. Важно е да се чувствувате слободни и сигурни во тоа што го пишувате.

1. Кој може да се пријави?

На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Северна Македонија со неограничен број на есеи.

2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?

Есејот треба да биде напишан на македонски, албански, англиски јазик или кој било јазик на малцинствата во Република Северна Македонија и да ги исполнува следниве услови:

  • да биде напишан на една од дадените теми
  • да не биде навредлив кон ниту една етничка заедница, ниту смее да содржи говор на омраза базирано на раса, религија или пол
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
  • да не надминува 700 зборови
  • фонт Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка за есеите на македонски јазик);
  • маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm

3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?

Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, да бидат истакнати следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • датум на раѓање на авторот
  • име на училиштето и место
  • ментор
  • адреса и место на живеење на авторот
  • телефонски број на авторот
  • адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?

Конкурсот ќе трае од 15 март до 10 мај 2020 година.

5. Каде се испраќаат материјалите?

Есеите можете да ги прикачите во електронската пријава на esei@msu.edu.mk

6. Награди

Предвидени се специјални награди за

  • Прво место: Златна плакета, лаптоп, комплет од 5 книги.
  • Второ место: Сребрена плакета,  таблет, комплет од 5 книги.
  • Трето место: Бронзена плакета, комплет од 10 книги.

За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.

7. Критериуми

Важно е есејот да ги задоволува техничките барања кои се наведени во конкурсот. Ова ќе биде првата фаза на елиминација.

Сите есеи што ќе ја поминат првата фаза ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:

  • оригиналност, иновативност
  • стил и начин на изразување
  • добро организиран есеј со соодветна содржина и структура
  • разбирање на темата за која се пишува
  • јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери
  • граматика и интерпункција

Организаторот ги задржува правата да го направи изборот на есеи кои ќе бидат објавени во збирката. Организаторот може да не објави.

8. Објавување на резултатите

Резултатите ќе бидат објавени на официјалната страница на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на 18 мај 2020, најдоцна до 12:00 часот.

9. Доделување на наградите

Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот. Сите ученици кои имаат испратено есеј ќе добијат покана за доделувањето на наградите.

Истовремено ќе се одржи и промоција на публикацијата насловена „Средношколски размислувања“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.