Од нас зависи – Марина Додевска

Сакаш да излезеш надвор,
те мами топлото време
да ги наполниш градите со свеж воздух,
да ги поканиш пријателите на кафе,
да ги посетиш роднините,
дома да се прибереш во утринските часови.
Ти недостасуваат игрите во парк и училишните клупи,
ти недостасува дури и сообраќајниот метеж,
но мора да останеш дома,
не смееш да излезеш меѓу луѓе,
ниту пак да се поздрвиш, бидејќи ќе се заразиш,
за здравје се работи, а тебе ти е здодевно дома,
не си навикнат на затворен простор,
види пролет е,
едно од најубавите годишни времиња,
почекај малку, биди трпелив
не си сам, дома си со своето семејство.
Многу ѝ згрешивме на природата,
ни беше доверена нам, на нас луѓето,
а ние не ја чувавме добро,
фрлавме сѐ и сешто насекаде, наместо во корпа,
корневме дрвја, палевме шуми,
бевме многу себични и злобни,
мислевме имаме пари, па можеме сѐ,
требаше да бидеме задоволни со малку, а не бевме
секогаш сакавме се повеќе и повеќе,
не ни беше гајле за другите,
битно нам да ни е убаво.
Сега природата ни вели да останеме дома и да размислиме,
да сфатиме дека погрешно постапивме со неа,
ни даде време да се пробудиме од сонот,
да направиме внатрешна промена,
сега се нејзините пет минути,
Нашата планета Земја се умори,
сега е во фаза на чистење,
гледаш ли сега колку се чисти реките,
го слушаш ли гласот на птиците,
има ли нешто поубаво од тоа?
Еден ден ќе помине и ова,
повторно ќе бидеме надвор,
сите заедно под жешкото сонце,
но дали дотогаш ќе ја научиме лекцијата,
каква поука ќе извлечеме од сево ова,
дали како и досега ќе продолжиме со истите постапки,
или пак ќе свртиме нова страница,
ќе научиме ли овојпат да го цениме она што го имаме,
ќе го чуваме ли убаво она што ни е доверено?
Сето ова од нас зависи луѓе,
дали после се пак ќе тераме по старо,
или пак ќе бидеме едно со природата.
Не треба да направиме ништо посебно,
доволно е да имаме волја,
мора да се промениме ако сакаме да ни се случи нешто убаво,
а тоа “убавото” доаѓа наскоро,
ако и покрај сѐ не се случи промена,
може многу скапо да нѐ чини цената.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.