За едни кратки четива

РАСКАЗ

Одлучив да почнам со првиот стих со нова поема, нов порив разлетан се беше здал. Но како да продолжам кога прстиве тежнеат за расказ.

ФОТОГРАФИЈА

Се’ фатив приклештен со спомените од едно дамнешно време. Кога златнокосец мечтаеше да го освои светот. Со насмевка заробена на фотографија стара, стои така тој на моторен чамец и не престанува да ми се смее.

ОДЛУЧНОСТ

Не пијам, туку уживам. Оти алкохолот е за луѓе не за говеда. Кажа еднаш еден акален човек. Ја гледам чашава со јак Вранец и ја прекорувам за нејзината привлечност.

ИЗГУБЕН СОН

Сонував и се будев со ноти, виолински клучеви и петолинијки. Сега само жалам за песнарката зафрлена и талентот запуштен.

ДРУШКА

Љубев, давав… за малку ќе останев без срце. Прстен се стркала кон заборавот. Сега, сега се смеам хистерично на тоа и утеха барам во листот и перото.

ЖИВОТ

Одев против него, соборував се’ пред себе, а попат се најде и среќата. Судбината ја бутнав не вртејќи се. Неколку пати ми го покажа судниот час и светлината на крајот. Јас пак му се смеев в’ лице и пркосев на се’. Сега, пазам каде чекорам, чекорам со почит кон него… Кон животот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.