3 Факти за ,,македонската поезија''

ПОЕТСКИ МАРАТОН

На 24 мај 1989г., во рамките на Саемот на Македонската книга во Скопје, писателот Видое Подгорец поставил рекорд во маратонско читање поезија. Тој цели 7 часа рецитирал стихови од своите збирки поезија Развигорче, Горско Кладенче, Сребрена школка, Над лулката, Весела Азбука, Илјада цветови, Во Солуна града сомуна, Песни за Туника и други. Подгорец имал 5 минутни одмори на секој час читање, што биле пополнети со настапи на македонски поети – гости на Детска Радост и Подгорец во маратонското рецитирање. Забележано е дека авторот на култната Белото Циганче кажал 12 564 стихови.

ПРВА ДРАМА ВО СТИХОВИ

Сценската творба Срешта на Војдан Чернодрински е првата драма во стихови на современ македонски јазик. Драмата е завршена на 03 јуни 1903 и праизведена на 5 август истата година. Само четири дена подоцна делото е изведено и во форма на оперета, пеењето било придружено со гитари и мандолини, како и со концертно цртање. Авторот го определува делото како едноактна сцена во стихови на простонароден македонски говор од борбите за политичкото ослободување од турското ропство, посветена во спомен на апостолот на слободата Гоце Делчев од неговиот соборец и идеен другар Војдан Чернодрински. Срешта е драма за Гоце Делчев само еден месец по неговото загинување.

ПРВ ОБЈАВЕН РОМАН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Првиот објавен роман на македонски јазик е „Село зад седумте јасени“ на Славко Јаневски, отпечатен во 1952-ра година. Но, интересен податок е дека првиот напишан роман бил „Крпен живот“ на Стале Попов, но авторот не бил во можност да го издаде навремено.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.