„Невеста од соништата“ е новата книга на Александар Николовски

Доаѓа од печат најновата книга на Александар Николовски насловена ,,НЕВЕСТА ОД СОНИШТАТА”, на која авторот е посебно горд затоа што за да биде напишана, покрај секојдневните обврски, таа од него барала огромни жртви. Како и во сите негови претходни книги, и тука самата возбудлива приказна исполнета со многубројни непредвидливи пресврти ќе ве држи во неизвесност буквално до последната страница. За разлика од останатите книги, овде приказната малку повеќе е од аспект на самите полициски инспектори кои го водат случајот.


Еве малку и за содржината на најновата книга:

Што се случува кога бисер белата венчаница ќе се испомеша со нечија црвена крв?

На последниот ден од својата служба во полицијата, наместо да се подготвува за долгоочекуваното пензионирање, инспекторот Гораст Николов се соочува со грозоморно злосторство што го потресува целиот град – млада девојка е убиена во бутик за венчаници во глуво доба од ноќта. Заедно со својот партнер, Гораст се впушта во жестока истрага и потрага по убиецот, паралелно навлегувајќи зад навидум совршениот живот на семејството Стравински, во чија што сопственост е бутикот во кој е пронајдена жртвата.

Нема сведоци нуту пак цврсти докази, но што ако нема и виновник?

Многу делови од сложувалката недостасуваат и се дополнително се комплицира кога еден скриен тестамент неочекувано се испреплетува со истрагата. Повеќе нема да ви откриваме само ќе кажеме дека оваа динамична приказна исполнета со неочекувани пресврти на секој чекор, апсолутно ќе ве остави без коментар и уште еднаш ќе ви докаже дека ништо не е како што на прв поглед изгледа. Трилер со ултра заразен ритам и УБИСТВЕН КРАЈ од кој застанува здивот…

За да се уверите во „заразноста“ на овој трилер, останува да ја прочитате книгата и да донесете сопствен заклучок.
Книгата единствено може да се купи преку авторот (преку директен контакт со него на „фејсубк“)!

Можете да купите и пакет од трите книги од Александар Николовски за вкупно 580 ден и плус доплата за карго до база 60 ден или 110 ден за достава до дома.
„Џокер во покер“ е 200 денари, додека останатите две се по 190 денари.
Авторот истакна дека доколку се одлучите да ги порачате сите 3 заедно во пакет, тогаш целиот пакет има 10% попуст и истиот ќе чини 520 денари + карго.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.