Бесплатни е-книги од новата апликација на издавачот „Три“

За време на моменталната ситуација во овој период на карантин или изолација кога се препорачува седење во домовите и да се практикува социјално дистанцирање, издавачкиот центар „Три“ пред време ја става во функција нивната нова специјализирана апликација за читање електронски книги – Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој. Ова е убав нивен гест што излегуваат во пресрет на читателите, и покажуваат дека се грижат за нивните читатели. И е навистина за поздрав.

Kniga.mk е мобилна апликација достапна за iOs и андроид- корисници, та содржи голема база на е-книги, изданија на „ТРИ“ и „Паблишер“, и истите се достапни за купување и прелистување на сите уреди, а овозможува одлично читачко искуство.
Со ова, книгите ќе бидат достапни во сечиј дом и во секое време. За сите корисници во промотивниот период, од „Три“ издвоија 20 бесплатни ексклузивни изданија од нивната продукција. Во моментов бесплатно можат да се симнат книги од домашни автори, „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски, „Луна“ од Винка Саздова, „Облечен човек“ од Игор Џамбазов, „Ехо на слободата“ од Ана Јовковска, „Никој не рече дека ќе биде лесно“ од Коста Петров, „Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска-Георгиева и други преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk во App Store и Google Play.

One comment

  1. […] Бесплатните книги овозможуваат заштеда на пари кога истите не можете да ги потрошите на хартиени купени од книжарница. Издвоивме неколку интернет сајтови од кои можете да преземате книги во електронски облик. Повеќето се на англиски па ако читате на тој јазик овие линкови се добредојдени за вас. За сите што сакаат да читаат книги на македонски за среќа и кај нас постојат онлајн платформи и по ново и апликации за читање книги во електронска верзија, но повеќе треба да ги платите пред да ги читате. На kniga.mk може да се симнат неколку книги бесплатно поради моменталната состојба, за ова пишувавме во следнава статија. […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.