Го љубам животот

Родена заради покажана љубов. Живот полн со неизодени авантури, пропуштени можности, незаборавни патувања и неочекувани моменти. Нивната убавина. Надежта дека утрешниот ден ќе биде првиот ден од идните мои неизодени авантури, дека ќе ја повратам мојата пропуштена можност, дека ќе биде почеток на некое ново незаборавно патување или барем уште еден нов незаборавен момент?
Тогаш разбирам дека секој  момент во мојот живот е неочекуван, во тоа е неговата убавина. Сфаќам дека секогаш има убавина дури и во неубавите моменти, дека од нив можеме да извлечеме поука и дека можеме да ја споделиме со другите.
А колку убавина има во споделувањето?
Таа убавина не се искажува со зборови тука со дела. Кога споделуваме нешто, имаме чувство на среќа, која останува да живее во нас засекогаш. Со тоа докажуваме дека се љубиме себеси, но и го љубиме ближниот , го љубиме светот, а со тоа и животот.
Некогаш споделуваме нешто без да сме свесни дека го правиме тоа.
Можеби една споделена насмевка со некого што сме го сретнале значи многу за таа личност.
Гушкањето на моите деца кога ќе се видат секој ден после неколку саати на училиште и радоста која блика во нивните очиња. Ете заради тоа го љубам.
Надежтта дека сè уште постои љубов во светов во кој живееме.
Фамилијата со која ги споделуваме сите животни моменти. Безгрижната игра на моите деца, нивната трка да го дофатат развеаниот балон во блиското паркче. Ете тоа е радоста на животот.
Секој ден во потрага по нова среќа, по нова надеж за подобро утре, трошка светлина и помирен сон.
Го љубам животот секој ден. Зошто животот е нова среќа, подобро утре, трошка светлина, помирен сон. Животот е љубов!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.