Славната кошаркарска ѕвезда Коби Брајант беше легендарен во својата работа, не дозволуваше да го збунат предизвиците и сè до крајот на неговата кариера се бореше со голема страст за поените како и на самиот почеток. Статистиката покажува дека тој беше еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт. Неговата мотивација и страст која го водеше на секој натпревар направи тој да остане запомнет како НБА легенда и пример за успешен спортист на многу генерации. После трагичното загинување она што остана од него се само спомените и целиот вложен труд и успех што го постигна кои сведочат за неговата големина.

Во продолжение прочитајте ги неговите цитати што служат како голема мотивација што Коби ги остави зад себе.
- „Најважно е секогаш да се обидуваш и така ќе ги инспирираш луѓето околу тебе секогаш да се трудат да бидат посјајни во работите што ги прават“.
- „Моментот кога ќе се откажеш е момент кога некој друг си го оставил да победи“.
- „Ако секогаш мислиш дека ќе паднеш и се плашиш од неуспех, веројатно и ќе го доживееш“.
- „Користи го својот успех, здравје и инспирација за да ги оствариш соништата и да ја живееш својата смисла“.
- „Постои една работа која секој може да ја контролира, а тоа е дали ќе бидете запомнети по добро или по лошо“.
- „Убаво е кога си благословен со талент кој го развиваш сè додека не го создадеш тој прекрасен момент на победа“.
- „Кога еднаш ќе го вкусиш вкусот на неуспехот, ќе бидеш одлучен да побрзаш кон успехот“.
- „Ако сакаш да бидеш сјаен во нешто, тоа е само прашање на твој избор. Сите можат да станат мајстори на својот занает, но само ако навистина одлучиле да работат на тоа“.
- „Сè што е негативно – притисок, предизвици – за мене се само шанса и поттик за уште повеќе да се развивам“.
- „Покрај стравот, секогаш завршија започнатата работа“.

Прочитајте ги и овие мисли од Мартин Лутер Кинг што ќе ве инспирираат!