Одговор

Го вдишувам првиот утрински зрак

со сонливи очи и отворени прозори

го оставам ветерот да ми биде гостин

пробувајќи да се сетам на заборавениот сон.

Соништата бледнеат

како пареата што исчезнува во воздухот,

се претвораат во заборав

како утринска зимска магла.

Сцените што се одигруваат во природата

ми ги скокоткаат мисливе,

го замислувам гулабот како вози точак,

дрвјата како танцуваат додека

птиците свират на кавали,

а сонцето е диско топка

на подиумот зелена трева.

Првата голтка кафе е блаженство

 горко и јако,

 си одговара со тишината на изгрејсонцето

 кога градот се буди

 и расцветува во полн сјај.

Се раздвижуваат улиците,

по нив чекорат стотици

со несигурни, а некои со цврсти чекори,

тргнале да освојуваат сонови,

со самодоверба и без неа,

го живеат мигот што им е даден.

За каков миг живееме?

За каква среќа чезнееме?

За кои зборови копнееме?

За чии прегратки би препливале океан?

За чии погледи би ја свртеле земјата наопаку?

Прашања на кои нема еден точен одговор,

загатки што се решаваат во самотија

додека под тушот оставаш млазот вода

да тече по твоето кревко тело,

или кога го повикуваш сонот да ја победи

инсомнијата.

И знаеш дека одговорите

се скриени длабоко во тебе,

во недопреното,

неискажаното,

тајното и светото,

во молкот и вревата,

во борбата на срцето и разумот,

и во далечните одаи

на она што го нарекуваш душа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.