7 едноставни начини за постигнување емоционална отпорност и издржливост

Емоционалната издржливост го олеснува животот и го прави поквалитетен. Емоционалната сила лежи во тајната на отпорноста, во способноста за соочување со животни потешкотии, во присуство на флексибилен ум кој може да се прилагоди со сигурно, храбро и одлучно прифаќање на животот. Кога сме емоционално посилни тогаш и подобро ќе живееме.

Лао Це истакнал дека силната личност може да ги победи другите луѓе, но емоционално моќната личност може да се победи себе.

„Знајте дека мекото срце е појако од тврдото, водата е посилна од карпата, а љубовта е посилна од насилството“ – Херман Хесе.

Емоционалната издржливост е извор на психолошки ресури потребни за надминување на секаква препрека на вашиот пат. Ако сакате да станете емоционални силни треба внимателно да размислите за тоа кои сакате да бидете, што правите за себеси  и што не сакате. Еднаш кога ќе ги поставите приоритети повеќе нема да има место за неизвесност и порази…

За да се стане емоционално силна особа – постојат неколку едноставни чекори. Да напоменеме дека промената не се постигнува преку ноќ, туку потребни се одредени психолошки алатки и техники како и константна работа на себе. Ние ги издвоивме овие 7 едноставни начини за стекнување емоционална отпорност и издржливост.

1. Самоспознавање: 20 минути секојдневна лична интроспекција

Како што дел од денот посветувате на вежбање, читање или гледање телевизија добро би било да се направи интроспекција и вежбање самосвест. Една од работите која е потребна за развивање емоционална издржливост е способноста да се дистанцирате од одредени работи од вашето опкружување. Ова ќе ви помогне да ги разберете своите вистински потреби и да разберете што точно влијае на вас и врз вашиот живот.
Свртете се кон себе, „набљудувајте“ ги вашите мисли, емоции, расположение. Прашајте се која е причината зад нивната појава? Дали се корисни за вас или се тивки „непријатели“ што работат против вас? Откако ќе ги најдете овие одговори многу полесно ќе се разберете себеси. Процесот на самоспознавање е долготраен и бара од вас трпеливост, но и желба и заинтересираност за себе, за своите потреби, желби и чувства.

2. Прифатете ги негативните емоции

Да размислиме за миг, долго време светот нè уверуваше дека „мораме да бидеме среќни“. Тоа го слушавме толку често што станавме „зависни“ од позитивни емоции. Но една нуспојава на таквиот поглед на светот е невозможност за соочување со негативните емоции. Се сметаат за бескорисни. Тагата парализира, а лутината прави да одите предалеку, а на крајот се проголтуваат разочарувањата едно по друго без да сфатите што да правите со толку сложени емоции. Но емоционално јаките луѓе само ги прифаќаат овие емоции. Запомнете дека прифаќањето не значи предавање. Тоа само говори за вашата сила и моќ за процесирање на таквите емоции.

3. Сфаќате дека тешкотиите не се пречки туку само предизвици

Развојот на психолошки вештини неопходни за емоционална издржливост е тежок процес и бара време. Многу е важно да му се даде смисла и значење на секој животен проблем. За тие проблеми треба да се разговара со себе, но и со други луѓе како за предизвици или искушенија, а не како неуспеси. Она што на прв поглед изгледа како крај е всушност отворена врата за создавање нешто ново. Можете да поминете низ сето ова и од другата страна да ги видите новите можности.

4. Барање почит од другите луѓе, а не внимание

Некои луѓе цел живот го поминуваат молејќи за внимание. Потребно им е како кислород бидејќи во спротивно се чувствуваат изгубено и без заштита. И штом ќе го добијат посакуваното внимание или ќе видат дека роднините и пријателите се задоволни со нив нивното самопочитување одма пораснува.  Но таквата нездрава навика го спречува развојот на емоционална издржливост. Воопшто не ви е потребно внимание туку меѓусебно почитување кое ќе ви овозможи и вас и на другите слободно да живеете, а не ви треба некој да ви каже што да правите и како да се изразувате.

5. Не заборавајте дека промената е дел од животот

Една од карактеристиките на емоционално упорните луѓе е и нивниот ентузијазам. Ентузијастите имаат внатрешна сила која им дава енергија за борба. Сакаат да бараат нови предизвици и да се носат со нив. Промената е дел од животот. А, индивидуата што е заглавена на едно место, останува да го чека крајот. Едноставно го губи ентузијазмот. Затоа не смееме да ја заборавиме важноста на промената и колку таа е корисна и потребна.

6. Научете да бидете благодарни

Секојдневното изразување благодарност за постигнатото, за она што го имате, за тоа што сте и што ве опкружува е неверојатно корисна вежба. Пробајте да водите дневник во кој ќе запишувате сè поради што сте благодарни. Така ќе можете да ги забележите сите позитивни страни за себе и што е она што ве мотивира и ве прави емоционално посилни.

7. Денес е најдобар ден за исполнување на соништата

Звучи премногу оптимистично? Да се биде емоционално упорен подразбира и смела борба за она што го сакате. Не мора да ги „одлагате“ своите соништа за утре. Дали сте вие онаа особа која „еден ден“ ќе ги признае некому своите чувства, „еднаш“ ќе побара од шефот покачување, „еднаш“ ќе тргне на неверојатно патување и така натаму? Факт е дека „еднаш“ не се наоѓа на календарот. Ви недостига време, а во меѓувреме поради вашата неодлучност и страв животот ви се лизнува низ прсти. Дали тоа вреди? Секако дека не. Затоа работете на својата самодоверба, самопочит и одлучност, додајте овде и малку храброст. Сега можете да ги исполните вашите соништа, и сега е вистинско време, а не утре или после.

Процесот на развивање емоционална издржливост е траен и бара секојдневна работа. Мора да го „тренирате“ вашиот ум секојдневно со нов тест и тој сон еден ден ќе стане реалност. Бидете храбри и барајте ја среќата во грижата и љубовта кон себе. Кога ќе научите вистински да се сакате себеси тогаш ќе можете да ги сакате и другите.

Дознајте и што е потребно за раст на душата!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.