Кога срцето плаче

Дури ниту на последната средба со тебе не се сеќавам. Ги напрегам сите мозочни ќелии да произведат некоја слика, некој спомен, некој глас, но залудно. Ги стегам дланките и крцкам со забите. Сакам да плачам од болка бидејќи боли до бесвест. Толку боли, што сакам да зборувам и да плачам, но немам сила ниту збор да проговорам. Сакам да те повикам, но како кога оваа тежина ми застаната во грлово? Посакувам да те најдам и да те прегрнам, сакам да го намалам ова недостасување и овие километри меѓу нас, да му ја скратам болкава на срцево, да ѝ дадам инфузија на душава, но не бива. Ти си таму, а јас тука. Впрочем не ни знам каде си. Каква иронија. На која плажа те оставила оваа плима на животот, на кои улици ова торнадо те понело со себе. Не знам кој влегол во твојот живот, не знам за твојата душа, за состојбата на твоето срце чии отчукувања многу добро ги познавам. Зошто нема координати местото на кое живееш?

Ох, само на миг, кога ќе се сожалат на мојата беспомошност, сеќавањата ќе се согласат да ме посетат. И токму тогаш од сите опции, тие одбираат да ми зададат болен удар, та ќе се присетам на нашите насмевки и на твоите очи со боја на сафир што ми се смешкаа. Само за кратко додека сè уште очиве не гледаат, твојот глас ќе ми одѕвони во ушиве, само за кратко ќе го почувствувам твоето присуство, толку блиску а толку далеку. И сето тоа веќе во наредниот миг исчезнува. Како никогаш да не постоело. Како по оваа земја да не сме чекореле јас и ти под рака со љубовта. Како воопшто да немало апокалипса на нашите души. Ох, колку ли е ова тешко. Боли, боли и само боли. 

И во таа болка, сепак кога ќе се прикраде сеќавањето на тебе сè полесно е. И болкава некако стивнува и солзиве пресушуваат само за тој миг. Ох така прекрасен и висок, со таа насмевка, те има само во моите сеќавања. И додека твојот лик чекам да избледе, му се молам на бога повторно да се сретнат нашите души.

И го очекувам денот кога молитвите ќе се исполнат, кога љубовта ќе се оствари, а животот ќе ни даде уште една шанса.

Верувам, бидејќи вербата и љубовта велите дека последни умираат.

Автор: Викторија Саздовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.