Во конкуренција за „Роман на годината“ останаа 5 романи

Во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ влегоа романите „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков („Или-Или“), „Пагански времиња“ од Драги Михајлоски („Просветно дело“), „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова („Матица македонска“), „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски („Или-Или“) и „Приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, ја составуваат Николина Андова Шопова, минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата, писателот Милован Стефановски , Весна Мојсова Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, писателот Славе Ѓорѓо Димовски  и Катерина Богоева, претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 21 пат. Наградата, чиј
генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.