Слушнете ја четвртата епизода од „Кулитерација“ во која ни гостуваше Марија Прличкова Маци

Драги читателите и слушатели, достапно е последното „поглавје“ (четврта епизода) од нашата емисија „Кулитерација“ која се емитува на радио МОФ секој втор четврток во 18 и 30 часот.

Во оваа епизода на гости ни беше младата писателка, авторка и блогерка – Марија Прличкова Маци со која си поразговаравме на различни теми меѓу кои и за нејзината книга „Марла“ за која веќе се подготвува продолжеток – комплетно ново издание.
Потоа начнавме доста табу-теми за кои многу малку се зборува, и заклучивме дека час и половина не ни се доволни за комплетно да се искажеме на истите.
Затоа се договоривме после промоцијата на новата книга повторно да се видиме и со нови импресии да го продолжиме разговорот.
Пуштете ја снимката, имате можност да ја запознаете Марија од еден друг агол, да ги чуете нејзините ставови на тема „љубов“, „насилство“, „брак“, „предрасуди“, како таа ги доживувала реакциите после издавањето на „Марла“, а исто така во тек е и наградната игра во која таа доделува една копија од истата. На Инстаграм се случува „дарувањето“ каде што можете да се приклучите и сега бидејќи трае до утре (12.3) кога и ќе го одбереме среќниот добитник. Ве очекуваме и таму. Пријатно слушање!

За сите љубопитни, на следниве линкови – објавите што водат до претходнтие епизоди.
Епизода 3
Епизода 2
Епизода 1

До следно слушање – пишуваме, читаме и се слушаме на радио!

3 comments

  1. […] Ширговска Слушнете ја 5-тата епизода со Денис БојаровСлушнете ја 4-тата епизода со Марија ПрличковаСлушнете ја третата епизода со Филип Димкоски […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.