Кога некој има паничен напад подобро да ги премолчите овие 5 нешта

Не е едноставно кога некој се соочува со напад на паника и страв кои се главни карактеристики на анксиозноста. Луѓето што имаат напад на паника тоа го доживуваат како нешто страшно, а поради зголемениот страв срцето почнува побрзо да чула и тие имаат чувство дека го губат здивот. Ако некој во вашата околина има паничен напад многу е важно да му помогнете на вистински начин, но некои фрази треба да се избегнуваат бидејќи тие можат да ја влошат ситуацијата.

Следниве 5 изрази се избрани од експерти за анксиозност коишто советуваат дека никогаш не смеат да се употребуваат пред луѓе кои доживуваат паничен напад.

1. „Пробај да го спречиш“

Да може да се запре ужасниот паничен напад, човекот што страда од анксиозност тоа веднаш би го направил. Во текот на нападот на паника телото мисли дека е загрозено и почнува да се бори за опстанок. Во таквите моменти рационалното размислување е исклучено и негативните емоции, најчесто стравот ја преземаат контролата над целото тело и ум. Затоа е невозможно да се спречи плански паничниот напад бидејќи индивидуата што го доживува не може да сфати дека тоа е наивна ситуација што предизвикува страв.

2. „Ти си добро“

Всушност тој што доживува напад на паника не е добро бидејќи тоа е многу стресен момент. Иако вашата драга особа изгледа дека сè е во ред, кога ќе настапи тој момент таа не може да ја контролира својата реакција и се чувствува немоќно и загрозено. Важно е да покажете разбирање за нејзината состојба.

3. „Зошто не можеш да се смириш?“

Научници од Националниот Институт за ментално здравје во Америка истакнуваат дека нападите на паника траат неколку минути, а некогаш дури и подолго. Можно е анксиозните луѓе во разговор со експертите да стекнат одредена техника за регулирање на овие напади, но истата не е лесна за применување. Со своето неразбирање и терање на индивидуата забрзано да го запре нападот ќе предизвикате само поголема паника.

4. „Не се грижи“

Ако на анксиозната личност ѝ давате совети од типот – „Не размислувај за тоа“ или „Не се грижи за тоа“ можете да направите паничниот напад да стане уште полош.

Експертите истакнуваат дека ова може да има парадоксален ефект. Кога на нашиот мозок ќе му кажеме да не мисли за нешто и се трудите да не размислуваме за истото, мислите уште повеќе почнуваат да навираат.

5. „Биди похрабра“

Кога на личноста која доживува паничен напад ќе ѝ кажете да биде посилна, таа се труди да управува со ситуацијата. Ако не успее во тоа почнува да размислува дека е немоќна и многу слаба. На овој начин ситуацијата само се влошува.

Ако некоја ваша блиска особа страда од панични напади покажете ѝ дека секогаш сте тука покрај неа, тоа е најдобро што можете да направите. Само бидете ѝ на располагање и ставете ѝ до знаење дека може да смета на вашата помош. Покажете ѝ дека не е сама и така ќе ѝ помогнете повеќе отколку што мислите.

Прочитајте и што претставува псхотерапијата и зошто не смее да се занемраи важноста на менталното здравје.

2 comments

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.