„Мачкотерапија“: 6 причини зошто мачките се мелем за вашето здравје

Мачките се многу сензибилни кога се работи за нашата здравствена состојба. Тие јасно гледаат кога не се чувствуваме добро или кога сме болни. Поради нивното позитивно влијание на луѓето тие се користат како животни што лекуваат. Нема подобар звук за опуштање од нивното предење. Сопствениците на мачки потврдиле дека заедничкиот живот со нив е подобар. Всушност, овие тврдења можат да се потврдат научно.

Во продолжение прочитајте зошто мачките се добри за нашето здравје.

1. Го смалуваат нивото на стрес

Американски истражувачи со помош на истражувања докажале дека мачките го смалуваат нивото на стрес на нивните сопственици. Во текот на галење е зголемено излачувањето на хормонот за среќа додека истовремено се смалува хормонот за стрес. Нивното предење го зголемува ефектот за опуштање.  Истражувачкиот тим за едно истражување побарало да се собере група на луѓе од одредени струки која секојдневно ќе биде изложена на високо ниво на стрес и се одлучиле за самостојни брокери. И навистина можеле да докажат дека присуството на мачките позитивно влијае на испитаниците. Ги набљудувале типичните симптоми на стрес како што се покачен крвен притисок, зголемено срцево отчукување и потење. Испитаниците со мачки реагирале порелаксирано во стресни ситуации.

2. Тие се добри за срцето

Кога сме под стрес нашиот крвен притисок расте. Тие кои хронично патат од висок крвен притисок имаат зголемен ризик од развивање кардиоваскуларни болести. Бидејќи мачките имаат позитивно влијание на стрес нивото во склад со тоа се смалува и ризикот од болести. Истражувањата покажале дека во домовите со мачки има 30% помалку срцеви удари.

3. Ги лекуваат коските

Предењето има релаксирачко влијание, но може да допринесе и повеќе од тоа. Студиите покажале дека изедначениот звук на брчење на мачката има лековито дејство на коските. Така скршениците на коските се лекуваат побрзо отколку кај другите цицачи. Истражувачите откриле дека за ова е одговорна фреквенцијата на предење од околу 26 херци. Од таа причина предењето е ефикасно и кај луѓето. Со помош на уред за вибрација истражувачите можеле да ја емитираат фреквенцијата и да го докажат лековитото дејство на човечките коски.

4. Го смалуваат ризикот од алергија кај децата

Новопечените родители често се грижат за тоа дека нивната мачка може негативно да влијае врз здравјето на новороденчето. Но, вистината е токму спротивна. Студиите покажале дека децата кои растат покрај мачка имаат помал ризик за развој на алергии. Меѓутоа ова важи само ако во семејството не постои генетска предиспозиција за тоа.

Добро е да знае дека децата што растат со мачка имаат и други предности. Тоа еп потврдено со неколку истражувања. Така што мачките пример позитивно влијаат врз развојот на карактеристиките кај децата. Брзо учат да преземаат одговорност и развиваат подобри социјални вештини.

5. Тие се осетливи

Постојат примери кои ни претставуваат колку всушност мачките се чувствителни. На пример, приказната за мачорот Оскар. Живеел во американска здравствена установа. Таму секојдневно одел по ходниците и ги посетувал пациентите. Посебна особина: изгледало дека тој забележувал кога некој пациент набрзо ќе почине. Неговото предвидување било толку прецизно што неговите негувателки го известувале семејството кога нивниот мачор Оскар подолго време лежел покрај пациентот.

Можат да бидат „терапевти“

Поради нивното позитивно влијание на луѓето, мачките се користат за лекување. Терапијата со мачки може да им помогне на старите луѓе со деменција и деца со АДХД. Тие на пациентот му пружаат чувство на среќа и дејствуваат против чувството на осаменост. Освен тоа тие можат да ја намалат оддалеченоста помеѓу терапевтот и пациентот. Можноста за примена на терапијата со мачка се разновидни.

Добро е да се знае дека терапевтските мачкин не се посебно обучени. Тоа има смисла бидејќи мачките се поврзани со луѓето и отворени кон странците. Со тоа секоја мачка е соодветна. Едно прифатилиште за животни во Минхен  го покренал проектот „Децата им читаат на мачките“. Слично со таканаречените кучиња за читање овде децата со потешкотии во читањето можат редовно да им читаат на мачките бидејќи тие се добри слушатели и не критикуваат. Ова на децата им дава сигурност и им помага при учењето на читањето. Мачките од прифатилиштето за животни уживаат во галење со нивните мали посетители.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.