Под мотото „Подари книга – биди хуман“ се организира настан за донирање книги

Под мотото „Подари книга – биди хуман“ РОТАРАКТ СКОПЈЕ КЛУБ – ЦЕНТАР организира настан каде што сите можат да учествуваат и да допринесат за успешноста на оваа иницијатива. Поддржани се од „MINISO“ – којашто е локацијата за оставање на книгите. Се наоѓаат во ГТЦ – приземје, Рамстор – прв кат и Сити Мол – прв кат.

Настанот ќе трае од 2.3 до 2.4, а собраните средства ќе бидат донирани во основни и средни училишни библиотеки.

Ротаракт Клуб Скопје Центар се основани на 2.4 2014г, бројат 18 членови и имаат веќе неколку успешно реализирани проекти зад нив.

Што значи да се биде ротарокторец според членовите на овој клуб?

  • да се направи нешто со кое колината ќе стане подборо место за живеење
  • идеи кои може да придонесат за подобро утре
  • преку филантропијата да дојдеме до нови познанства и да овозможиме подобри услови на оние на кои нашата помош им е најпотребна
  • безрезервна љубов, доживотни пријателства, исполнувачка долготрјана авантура.

Проекти кои досега ги реализирале:

  • донација на опрема во школото „Златен Сремец“ во кое учат деца со посебни потреби
  • донација на бела техника во дом за стари лица „Мајка Тереза“
  • Ски турнир во скијачкиот центар Копанки чиишто средства беа донирани во истиот за скијачка опрема.

Нивни проекти за во иднина:

  • донација на книги во училишни библиотеки
  • хуманитарен кошаркарски турнир,
  • поставување на куќички за бездомни кучиња

Ако сакате да бидете хумани и имате книги кои сметате дека може да ги подарите или донирате, сѐ што треба да направите е да појдете во една од продавниците на „MINISO“ и таму да ги консултирате вработените кои ќе ви излезат во пресрет.

Ние од блогот ја поддржуваме оваа акција на донирање книги бидејќи е супер идеја за „збогатување“ на библиотеките во училиштата низ земјава. Исто така, никој не се осиромашил од дарување или донирање, туку со тоа си ја потврдил својата човеченост.

Подарете книга – бидете хумани! За барем малку да го „обоиме“ секојдневието во овие тмурни денови.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.