Габриел Гарсија Маркес – 5 романи кои мора да ги прочитате

Вчера изоставиме да го споменеме, но не го заборавивме родениот ден на еден од најголемите латино-американски писатели на 20 век, Новеловецот Габриел Гарсија Маркес. Затоа денес предлагаме да ги прочитате неговите пет најпознати романи каде тој се прикажува како мајстор на магичниот реализам.

Роден е на 6 март 1928 во Колумбија и во текот на животот покрај тоа што бил писател бил и новинар и политички активист. Починал на 27 март 2014 година во Мексико Сити, Мексико.

Се разбира, започнуваме со Сто години самотија, роман кој му донесе планетарна слава.

  1. Сто години самотија – 1967 година
    Романот „Сто години на самотија“ го следи животот на  седум генерации на семејството Буенџа во измисленото село Макондо. Оваа приказна за цигани кои пророкуваат и инцестуозни љубовници стана бестселер веднаш штом се појави во јавноста, и  со него Габриел Гарсија Маркес се стекна со светска слава и започна неговата глобална експанзија во латино – американската литература.
  •  Есента на патријархот – 1975 г.
    Габриел Гарсија Маркес помина десет години истражувајќи ги диктатурите од Пинила до Трухило и од Франко до Перон – и потоа се обиде да заборави на сè што слушнал и прочитал за да ја измисли оваа приказна за самоизмислениот  „Генерал на универзумот“. Романот започнува со откривањето на телото на мртвиот тиранин на подот на претседателската палата, кој е „постар од сите стари луѓе и сите стари животни на копно или море“, пред да го истражи своето морално пропаѓање и политичката парализа во како што вели самиот автор, „песна на самотијата на моќта “.
  • Љубов во време на колера -1985 година
    Инспириран да ја напише од постојаното додворување на своите  родители, Љубов во време на колера раскажува како љубовта помеѓу Флорентино Аризо и Фермина Даза е спречена од бракот на Фермина со лекар што се обидува да искорени колера, но љубовта постојано тлее во нив за да оживее повторно 60 години подоцна.
  • Генералот во неговиот лавиринт -1989 година
    Ги прикажува последните месеци од животот на Симон Боливар, генералот кој ја ослободи Колумбија од шпанското владеење во почетокот на 19 век. Овој роман предизвика бура во Јужна Америка кога беше објавен за прв пат. Сликајќи го патувањето на револуционерниот водач од Богота до колумбискиот брег, Габриел Гарсија Маркес слика портрет на човек кој е физички и психички исцрпен на крајот од својот живот, и размислува за неговата борба за обединување на американските народи.
  • Вести за едно грабнување – 1996 година
    Габриел Гарсија Маркес во текот на целиот живот работел како новинар, тврдејќи дека тоа го одржува „во контакт со реалниот свет“. Овде тој ги анализира големиот број киднапирања организирани од картелот Маделин на колумбискиот дилер на дрога Пабло Ескобар, во 90-тите.

Се надеваме дека веќе сте прочитале или дека ќе земете да прочитате едно од овие маестрални дела.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.